Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за „Уште ми требаш“, продолжение на легендарниот хит

Медиасет.мк
пред 2 часа
media-libraryg1042m80hacn0WE6K9P

Десет дена промоцијата на песната „Уште ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен го објавија и официјалниот спот за својот нов хит.

Станува збор за уметничко визуелно видео, во чиј фокус се двајцата долгогодишни соработници, а во спотот се појавува и манекенката Вања Петрушевска. Режисер на спотот е Горан Божиновски.

„Уште ми требаш“ е продолжение на безвременскиот хит „Итно ми требаш“, кој Јованов и Зен, заедно со Ламбе Алабаковски го испеаја пред 18 години.

Официјалната промоција се случи на „Макфест“ со фантастичен настап, за кој Јованов и Зен добија бројни пофалби и комплименти од публиката.

„’Уште ми требаш’ е продолжение на приказната од ‘Итно ми требаш’. Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. ‘Итно ми требаш’ беше приказна за незаборавна ноќ - излегуваш во клуб, некоја намерно те погледнува и намерно ти се насмевнува и... итно ти треба. ‘Уште ми требаш’ е поемотивна, се работи за спомен кој не е избледен, едно убаво сеќавање. Целта на приказната е тоа што се случува сега. Затоа и текстот на песната е поемотивен. Веќе не се работи за провод се работи за чувства што останале’,“ вели Јованов за новата песна.

Музиката за песната која е хит од прво слушање е на Јован, текстот го напишаа Јован и Тони, додека продукцијата е на Јован и Иван Јованов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 3 часа

media-library29o41mu1od4dfX3DFFX

(Видео) Октај Сејди падна на шест прашања на „Полиграф“: Од разделбата со Нина до интимниот живот

Сцена | пред 3 часа

media-librarymejjptsftt93bPHwttD

(Видео) Песни за љубовта, болката и себеприфаќањето: Емели Санде за првпат во Македонија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymjouecq694bsaaQh3tY

(Видео) Дупер приреди незаборавна вечер во Скопје и ја крена публиката на нозе

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања