Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Популарната серија за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ добива продолжение

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryvibcos4a8bsnaJBTsoz

Серијата за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ официјално добива нова сезона. Таа е базирана на истоимената бестселер книга за млади (YA), а првата сезона имаше премиера на Нетфликс на 22 јануари.

Станува збор Адриана Русо, наследничка на пропадната династија на уметничко лизгање. Таа со новиот партнер Брејден Елиот се подготвува за Светското првенство, додека истовремено развива чувства кон својата прва љубов и поранешен партнер Фреди О’Конел.

Авторката на книгата Џенифер Јакопели изјави дека е пресреќна поради прифаќањето што го добила серијата од гледачите ширум светот и дека сега со нетрпение очекува што ќе следи за Адриана, Брејден, Фреди и остатокот од тимот Русо.

Првата сезона на „Finding Her Edge“ се најде во топ 10 во 81 земја и има повеќе од 12 милиони прегледи. Серијата исто така дебитираше на листата на топ 10 англиски ТВ серии на Нетфликс и се искачи до третото место.

Шоуранерот Џеф Нортон изјави дека целта била да направи серија за љубовта, со ликови кои минуваат низ многу тешки периоди во животот и спортот, и дека со втората сезона ќе се продолжи нивното патување со поддршка на Нетфликс и WildBrain.

Серијата има оценка 100% на Rotten Tomatoes и 5.9/10 на IMDb.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања