Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Преживеала мозочен удар, па на 97 години постави нов светски рекорд во стоење на крилото на авион за време на лет

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryannfg2m40kim0CTGfr8

Бети Бромаж (97) од Челтенам, Англија, повторно постави светски рекорд, откако стана најстарата жена во светот што изведела „wing walk“ – стоење на крилото на авион за време на лет.

Бромаж во вторникот била прицврстена на горниот дел од двокрилец во близина на Сиренчестер, а ова за неа бил шести ваков лет досега. Со подвигот таа го подобри сопствениот рекорд, кој го поставила пред четири години.

Поранешната медицинска сестра, која преживеала мозочен удар, овојпат летот го искористила и за хуманитарна цел – собирање средства за одделот за мозочни удари во Општата болница во Челтенам, каде што била лекувана минатата година.

И покрај својата возраст, Бромаж вели дека токму ваквите предизвици ѝ даваат причина да продолжи да биде активна.

„Инаку би ми станало здодевно од животот“, изјавила таа.

Со својот најнов подвиг, 97-годишната Бромаж уште еднаш покажа дека возраста не мора да биде пречка за поставување нови граници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryttml07c2l6q5diiXbjL

(Видео) Чуварот на слоновите се враќа по неколку години отсуство, а слоновите трчаат директно кон него

Вирално | пред 2 минути

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 15 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 16 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања