Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Публиката воодушевена, критиката разочарана: Документарецот „Меланија“ со рекордни оценки

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-librarylhgc76ms6o5tej8pTjD

Додека критичарите му дадоа поразителна оценка од само 8 отсто, новиот документарец „Меланија“ беше одлично прифатен од публиката која го оцени со неверојатни 99 отсто, што претставува најголем јаз во историјата на популарниот сајт за рецензии Rotten Tomatoes, пишува The Hollywood Reporter.

Од Rotten Tomatoes тврдат дека високите оценки од публиката се вистински. Во соопштение доставено до The Hollywood Reporter, компанијата нагласи дека „немало манипулација со оценките на публиката за документарецот ‘Меланија’“.

„Прикажаните рецензии се верификувани, што значи дека е потврдено дека корисниците купиле билет за филмот преку Fandango“, појаснија.

Од друга страна, во веродостојноста на ниската оценка од критичарите никој не се сомневал. Единствените три позитивни рецензии, кои спречиле оценката да падне на нула, пристигнале од медиуми познати по десничарски ставови: The Epoch Times, The London Evening Standard и The Spectator. Треба да се напомене и дека политичката десница често обвинува многу медиуми кои на филмот му дале негативни оценки за либерална пристрасност.

Високата оценка од публиката од 99 отсто донекаде и не е изненадување. Се претпоставува дека гледачот мора да биде страствен поддржувач на движењето MAGA за воопшто да отиде во кино и да погледне документарец за мистериозната поранешна прва дама. Поради тоа може да се каже дека публиката сама се селектирала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања