Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

(Видео) Скриен грчки бисер: Антипаксос со тиркизно море како од разгледница

Медиасет.мк
пред 55 минути
media-library1cv9p39nva4k7KVrbtu
фото: unsplash

Постојат места на Медитеранот кои на фотографиите изгледаат како да се обработени со филтри, а во реалноста се уште поинтензивни. Еден од таквите скриени бисери во Грција е малиот остров кој често се посетува попатно, но ретко кому му останува само „попатна станица“.

Станува збор за Антипаксос, мало острово јужно од Паксос, сместено во срцето на Јонско Море. Иако е мало по површина, Антипаксос стана познат по морето кое се опишува како едно од најтиркизните во цела Грција – речиси нереална, светлосина нијанса која изгледа како да не припаѓа на вистински пејзаж.

До островот не се стигнува директно, што е дел од неговиот шарм. Најчесто се тргнува од соседниот Паксос или од Крф. Излетнички бродови организираат дневни тури, а искуството во голема мера зависи од нивната флексибилност – некои нудат само панорамско возење, додека други оставаат време за капење и истражување на скриените заливи.

Друга опција е од местото Гајос да се изнајми мал брод или такси-чамец, што овозможува поголема слобода и помалку гужви. За оние кои сакаат целосна независност, изнајмувањето приватен чамец е најдобар начин да се избегнат стандардните рути и денот да се прилагоди според сопствен ритам.

На Антипаксос се издвојуваат три главни плажи, секоја со свој карактер.

Плажата Вутуми е најпознатата и најфотографираната. Морето тука преминува од тиркизна во речиси сина нијанса, додека белиот песок дополнително го засилува контрастот. Тоа е место каде бојата на водата изгледа нереално, дури и кога ја гледате во живо.

Плажата Врика и плажата Месоврикасе помирни, со поплитко море и поопуштена атмосфера. Идеални се за подолг престој, пливање без брзање и бегство од гужвата која често се создава во централниот дел на островот во текот на денот.

Антипаксос е најубав во раните утрински часови или навечер, кога излетничките бродови се повлекуваат и островот накратко се враќа во својот помирен ритам. Во текот на денот може да биде доста живо, бидејќи голем број тури пристигнуваат во исто време, па плажите можат да изгледаат преполни.

Ноќевање е технички возможно, но опциите за сместување се многу ограничени, па повеќето посетители доаѓаат и си заминуваат истиот ден.

Антипаксос не е дестинација за класичен одмор со долги прошетки и разгледување. Неговата сила е во едно единствено доживување – бојата на морето која останува во сеќавање подолго од кој било хотел или ресторан.

Затоа многумина го доживуваат како совршен контраст на поголемиот и понаселен Паксос: додека Паксос е место за престој и бавен медитерански ритам, Антипаксос е кратка, интензивна средба со море кое изгледа како да не е од оваа планета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytbkehv5p0bl74EqTF1g

Грција втора во светот по број на „Сини знамиња“: 657 наградени плажи

Патувања | пред 56 минути

media-libraryqhtkav43hbevbAYokR9

Три хороскопски знаци на кои есента им носи неочекувана среќа

Вирално | пред 2 часа

robi-viljams

Роби Вилијамс откри дека му опаѓа косата: „Сега сè е пудра и разни трикови“

Сцена | пред 3 часа

media-library678civvdr9lf8zEWtPR

Необичен оглас за работа: Германската разузнавачка служба регрутира гејмери

Вирално | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања