Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Видео) „СпејсИкс“ успешно ја лансираше новата ракета „Старшип В3“, мисијата заврши со планирана експлозија

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-library0hm79nm1lpui5xG67fn

Компанијата „СпејсИкс“ во петокот успешно ја лансираше надградената ракета „Старшип В3“ од својата база во Тексас, во рамки на нов пробен лет на најголемиот и најмоќен ракетен систем во светот.

Тест-мисијата траела околу еден час, а според „Еуроњуз“, леталото исполнило поголем дел од поставените цели, пред мисијата да заврши со планирана експлозија по слетувањето во Индискиот Океан.

Меѓу клучните цели што биле успешно реализирани е и поставувањето лажни „Старлинк“ сателити, што претставува дел од тестирањата за идните вселенски мисии на компанијата на Илон Маск.

Иако летот генерално бил оценет како успешен, за време на мисијата биле регистрирани проблеми со моторите на двете фази од ракетата.

Видео-снимките од летот покажуваат како „Старшип“ се спушта кон океанот, по што експлодира при ударот во водата. Од „СпејсИкс“ посочиле дека таквиот исход бил однапред планиран како дел од тестирањето.

На лансирањето му претходело еднодневно одложување поради проблем со хидрауликата на лансирната кула.

И покрај тоа, полетувањето било успешно, а присутните набљудувачи во Тексас го поздравиле со аплауз и воодушевување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 42 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања