Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ: Ерупција во Исланд трае шест месеци

Медиасет.мк
пред 5 години
Screenshot-2021-09-19-111942

Денеска се навршуваат шест месеци од ерупцијата на вулканот што ги фасцинира набудувачите во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, најдолгиот во таа земја повеќе од половина век, јавуваат локалните медиуми.

Првата лава почна да излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал на 19 март оваа година.

Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција на грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.

„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон.

Сепак, количината на исфрлена лава досега, 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.

„Ерупцијата е посебна во однос на релативно бавниот и стабилен проток на лава“, објасни геофизичарот Халдор Геирсон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5tdb3t4b45mbKj6wMJ

Што се случува со мозокот по четири месеци редовно консумирање кикиритки?

Вирално | пред 12 часа

media-libraryigj2rof4f4m00BeLDyF

Некогаш дел од нашиот живот, денес само спомен: предмети што исчезнаа од нашето секојдневие

Вирално | пред 12 часа

operacija-2

Нови естетски трендови меѓу младите: Девојките бараат помали стапала и потесни рамена

Вирално | пред 15 часа

horoskop-kwiecien-screen

Неделен хороскоп: Лавовите ќе бидат главни во секое друштво, на Рибите им се враќа стара љубов

Вирално | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања