Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Спектакуларна „Сина Месечина“ над Москва: Ретка астрономска појава ги воодушеви набљудувачите

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryqabc0kkn8u6qfuzfpvz
фото: unsplash

Редок астрономски феномен познат како „Сина Месечина“ синоќа беше забележана над Москва, создавајќи впечатлива глетка која привлече големо внимание кај љубителите на астрономијата и фотографите.

Полната Месечина се издигна над познатиот Живописен мост, еден од симболите на руската престолнина, а фотографиите и видеоснимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.

И покрај името, „Сина Месечина“ не значи дека Месечината навистина има сина боја. Терминот најчесто се користи за дополнителна полна Месечина што се појавува во ист календарски месец, појава која се случува приближно еднаш на две до три години.

Астрономите објаснуваат дека во исклучително ретки случаи Месечината може да добие синкаста нијанса поради специфични атмосферски услови, како големи шумски пожари или вулкански ерупции, но тоа не е случај со вообичаената календарска „Сина Месечина“.

Големата полна Месечина над реката Москва и Живописниот мост создаде спектакуларен ноќен пејзаж, кој многумина го оценија како една од најубавите небесни глетки годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања