Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Стармер се пошегува со Макрон поради очилата за сонце, со реплика од филмот Топ Ган

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Британскиот премиер Кир Стармер се пошегува на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон за време на еден комичен настап во Лондон.

Стармер на сцената стави пилотски очила за сонце, кои станаа препознатлив симбол на Макрон откако ги носеше минатата недела во Давос поради проблем со окото.

Настанот се одржа во театарот „Dushess“, во рамки на емисијата „The Political Party Live“, каде премиерот учествуваше во интервју пред публика.

Стармер го сподели видеото на својот TikTok профил, при што го означи и самиот Макрон, со коментар „Talk to me, Goose“, позната реплика од филмот Top Gun, која го популаризира токму овој стил на очила за сонце.

Потегот на британскиот премиер предизвика смеа кај публиката, а тој додаде дека дури би размислил за носење такви очила и на идни средби. Сепак, се пошегува дека му се потребни неговите обични очила, бидејќи без нив не би можел ништо да види во парламентот.

Макрон минатата недела ја изненади јавноста појавувајќи се на Светскиот економски форум во Швајцарија со очила за сонце, а француските медиуми подоцна известија дека ги носел за да го прикрие црвенилото на окото предизвикано од пукање на капилари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 17 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 20 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања