Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) „Сто пати сум се покајал, но по онаа работа нема каење“, кажа Боки 13 за неговото искуство во бизнис водите

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library7ido7kjas0dv4AU0jZg

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вели дека повеќе не сака да се врати во деловниот свет и дека многупати се покајал што воопшто влегол во него.

На крајот од гостувањето во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, Јовановски беше прашан зошто повторно не се занимава со бизнис, по што директно одговори дека тој свет повеќе не го привлекува.

„Тој е толку валкан свет, толку нечист свет. Толку не сакам да зборувам за политика и за бизнис. Нека се замислуваат тие, нека им биде убаво кога ги нарекуваат бизнисмени и кога мислат дека се елита“, рече Боки 13.

Тој додаде дека сака да се задржи во музиката, забавата и сценските настапи.

„Да си останам јас лик од шоу-бизнисот и да се забавувам со децата. Мене тоа ми е доволно“, изјави Јовановски.

На директното прашање дали се покајал што влегол во тие води, тој одговори:

„Сто пати сум се покајал, но по онаа работа нема каење. Тоа е тоа“, рече Боки 13.

Тој најави дека по концертот во Битола неговата турнеја ќе продолжи во Штип, Гевгелија и Куманово, а потоа и низ други градови на Балканот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 16 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 17 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања