Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) Три децении сатира што нè одразува: неповторлива вечер со „К-15“, Цацко со Миле и Тошо одново одржаа лекција

Медиасет.мк
пред 1 година
k-15

Со голем јубилеен настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“, легендарната хумористична група „К-15“ го одбележа триесетгодишното постоење. Илјадници обожаватели, гласно смеење и аплаузи. Со Цацко, Миле Паника и Тошо Малерот, повозрасните генерации се вратија низ времето, а поновите генерации се потсетуваа и на култните скечеви кои се достапни и на јутуб.

Уште на самиот старт, цела публика се потсети на хитот „Градинарот цвеќето го расте“. Еден од првите скечеви беше посветен на играњето фудбал во канцеларија на Владата, каде Миле Паника е советник, но и на дриблањето на институциите кое го направи познат политичар кој сега веќе не е во Македонија. Низ скечот на фудбалот, Миле Паника би потсетил на уште еден политичар: „Ние намерно се враќаме да земеме залет, кога ќе скокнеме оп, директно во Брисел. А не како некои што прават со двоскок, Будимпешта, па Брисел“. Потоа, Миле Паника, како советник во Владата советува, дека за младите има два излези: првиот на аеродромот во Скопје, вториот во Охрид.

На сцената потоа се појавија Климе од Охрид и Номче од Струга. Потсетија на легендарните реплики, но скроија и нови специјално за јубилејот. Потоа, Климе ја изведе „Многу љубам да веслам“.

Во засебен скеч ги видовме Гоце Делчев, Никола Карев и Питу Гули, како во парна бања, инфлуенсерски го планираат Илинденското востание. Публиката занеме од смеа. Најголем инфлуенсер беше Јане Сандански. Следуваше и нов хит „Од економски причини“, кој го пееше цела публика.

Тошо Малерот одржа вообичаен час по мода, како пред 30 години.

„Нема ни концепт ни стил, не знаат да се облечат нити ништо. Јас бе кога ќе облечам бела панталона, бела чорапа, бела кондура, бела кошула, бело сако, бела кравата, кога ќе искочам во град, нема женска која не ми се свиѓа“, рече Тошо Малерот.

Гостин на концертот беше врвниот хармоникаш Мишел Трајковски, на скечот со Блажо и Ристо. Тема беа македонските песни.

Меѓу паузите, на екранот во салата беше емитувана сцената каде гостин во скечот е Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во „Пулс“ и истата беше поздравена со аплауз.

Закажани се уште два настани, за денес и утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2vqk9e07ijtd3tD2N8

Мала компанија отвори спор со технолошките гиганти: На удар Apple, Samsung и Google

Технологија | пред 24 минути

media-library937jgusi9qsr04my5wi

(Видео) Овој грчки остров стана хит: Туристи пливаат со црни свињи

Патувања | пред 2 часа

media-libraryctrb63k98l456fk4hCl

Дали сте забележале мала дупка на прозорецот од авионот? Еве за што всушност служи

Патувања | пред 2 часа

media-librarybcfoafuak6pie08qeEb

Најконтроверзната атракција во египетската престолнина: Место каде што луѓето со векови живеат меѓу гробови

Патувања | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања