Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Три нови серии кои треба да ги гледате оваа недела

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

Ако барате што ново да гледате на популарните стриминг платформи, а продолженијата на познатите серии веќе не ве привлекуваат, добрата вест е дека пристигнуваат нови изданија.

Во февруари на платформите Netflix, SkyShowtime и Disney+ ќе се појават нови серии, па еве неколку на кои вреди да им се обрне внимание:

„How To Get to Heaven from Belfast“
Станува збор за хумористичен трилер од осум епизоди, во режија на Лиса Мекги. Приказната е за три најдобри пријателки во нивните триесетти години кои добиваат е-пораки со известување дека нивната некогашна четврта пријателка, Грета, е мртва. Триото патува низ Ирска за да ја открие вистината. Серијата ќе биде достапна на Netflix од 12 февруари.

„The 'Burbs“
Кеке Палмер и Џејк Вајтол се главни ликови во новиот мрачен трилер „The 'Burbs“. Серијата се базира на истоимениот култен филм од 1989 година и го следи младиот пар кој се вселува во градот на неговото детство. Светот им се менува кога нов сосед се доселува во куќата спроти нив и открива стари тајни од тоа место, додека новите смртоносни закани го нарушуваат мирното соседство. Серијата ќе биде достапна на SkyShowtime од 27 февруари.

„Love Story“
Нова антологиска серија на Рајан Марфи, „Love Story“, се темели на животната приказна на Џон Ф. Кенеди Јуниор, син на претседателот Џон Кенеди и Жаклин Кенеди, и модната публицистка Каролин Бесет-Кенеди. Инспирирана од книгата „Once Upon a Time: The Captivating Life of Carolyn Bessette-Kennedy“, серијата се фокусира на „сложно и срцепарателно патување на пар чија љубов стана национална опсесија“. Се очекува да биде достапна на Disney+.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања