Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Вака му „одговори“ на бившиот вереник: Џенифер Анистон со видео ги „запали“ мрежите

Медиасет.мк
пред 2 години
Jennifer-Aniston-who-is-the-actress-of-Friends-with

Џенифер Анистон покажа како изгледа нејзината фитнес рутина, веднаш по непримерен коментар на американски политичар за сите жени кои изгледаат добро.

Ѕвездата на серијата Пријатели, Џенифер Анистон, со децении важи за една од најнегуваните жени во светот на Холивуд. Актерката со својот изглед им конкурира на многу помлади девојки, а сега ја покажа и својата секојдневна рутина.

Видеото, кое привлече големо внимание, доаѓа веднаш откако нејзиниот поранешен Џастин Теру излезе во одбрана кога Џеј-Ди Венс, американски политичар, даде крајно непримерен коментар за жените кои немаат деца.

„...Еден куп жени-мачки без деца кои се мизерни поради сопствените животи и изборите што ги направиле“, додавајќи, „и затоа сакаат да го направат мизерен остатокот од земјата“, рече Венс.

Анистон набрзо објави видео во кое покажа зошто изгледа толку добро, а во се и помогна нејзиното куче, што го направи видеото уште повирално. Познатата актерка во видеото истакна и дека нејзиното куче е нејзината најголема поддршка за време на вежбањето.

Среде сите гласини и непримерни коментари се огласи и Теру, кој застана во одбрана на својата поранешна партнерка и додаде дека сè уште ја сака.

„Таа сè уште ми е многу драга, па секако дека се чувствувам заштитнички. Но, таа возврати на критиките, како што требаше“, изјави Теру во интервју за Тајмс.

Да потсетиме, оваа двојка ја започна својата романса уште во 2011 година, а тогаш многумина го обвинија Теру дека само ја користи Џенифер. Сепак, нивниот брак траеше само две години, но тие останаа во добри односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 17 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 18 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 20 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања