Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(ВИДЕО) Весна ја отвори душата: „Имам траума од чукањето на мајка ми - првпат викаше „Веки стани изгоревме“, вторпат „Веки стани почина татко ти“

Медиасет.мк
пред 4 години
279576565_530524488515602_1886140795885941883_n-1

Актерката Весна Петрушевска неодамна направи бум со претставата „За нашиот Горан“ која се играше во МНТ. Репликите на Горан Стефановски ги кажуваа децата актери, а ова беше голем предизвик за Весна, актерка со долга кариера.

„Предизвик да, особено што знаеме кој е Горан во драмскиот свет. Мислам дека успеав на децата да им го доловам светот на Горан. Во исто време претстава за Горан играа и колегите од Драмски, да не звучам нескромно, ама ги намкачкавме на леб“, низ насмевка вели Весна.

Веќе 15 години ја има својата актерската школа, од која повеќето денес се актери во Драмски или Комедија.

„Кај мене никогаш немало врски. Не ме интересира кој чиво дете е. Па и ќерка ми не доби улога во претставата за Горан оти не го научи текстот“, открива Петрушевска во интервјуто за „Репортер“.

Неодамна се соочи со загубата на својот татко. Иако имал тромбоза, вели Весна, сепак, се држел добро.

„Ние живееме одвоено, ама во ист двор. И сега имам траума од чукањето на мајка ми на стаклото од прозорот рано сабајле. Првиот пат, викаше 'Веки стани, изгоревме'. Вториот пат, 'Веки, стани, почина татко ти'“, раскажува Весна за загубата на такто си. И додава: „Од сите нас, Мина најтешко ја преброди неговата смрт“.

Тука се врза и приказната за сè она низ што помина нејзината ќерка и како жртва на сексуално насилство и како жртва на булинг во школо. Весна вели дека тоа се трауми со кои учиш да живееш, но не можеш да ги надминеш.

„Кога детето е жртва на сексуално насилство, потоа треба да го негуваш како роза. Траумата никогаш не ја надминавме. Ама ете тука се терапии, сеанси, има по некој тригер, па се справуваш со него“, искрена е актерката. За булингот во школото, кога цело одделение барале да ја отпишат Мина од класот, Весна раскажува: „Тие нека се срамат, не ние. Не само што бараа да ја отпишеме, имаше моменти кога ја удираа од ѕид, ѝ го кршеа саатот. И сè тоа се деца на луѓе кои ги знам“.

Синот Кирил е во Хјустон, кај неговиот татко, Јанко, со кого Весна одамна се разведе. Кирил матурираше и сега заминува на кампус. „Таткото на Кирил му го овозможи тоа и јас сум среќна. Со Јанко и со неговата сопруга сега сме една хепи фемили, одлично стоиме, и фала им за сè што направија за Кирил“, искрена е Весна.

Зборувавме за сè, од идејата да се фрла во Вардар ради високата јануарска сметка, до естетските корекции за кои вели: „Ставам конци на лицето и не сум ко оние кои се боцкаат па личат или бугарски пејачки или српски фолкерки“.

Од третманите за убавина, преку емоциите за татка си, траумите низ кои помина Мина, за односот со бившиот маж, за дружбите со Џамбазов, за сè она што го работи... Гледајте го интервјуто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo6eec4q2emfr8kLp1oK

Џенифер Лопез во спортско издание ги воодушеви обожавателите: „57 години? Нема шанси!“

Сцена | пред 4 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 1 ден

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања