Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Видео) „Внимавајте кај кого одите“: Бритни Спирс раскажа што ѝ се случило по ботокс

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс сподели непријатно искуство со ботоксот и ги предупреди своите обожаватели да бидат особено внимателни при изборот на лекар за вакви козметички третмани.

Американската пејачка во видео на социјалните мрежи раскажа дека по еден третман лекар ѝ ставил, како што тврди, премногу ботокс околу левото око. Според неа, окото ѝ „паднало“ и останало така околу четири недели.

„Ми стави толку многу ботокс во ова лево око што ми падна вака и дури сега почнува повторно да се крева и да изгледа нормално“, рекла Спирс.

Таа ги повика жените да бидат внимателни при изборот на лекар и предупреди дека несоодветниот третман може да предизвика проблеми.

„Бидете внимателни со овие луѓе. Тие се обидуваат да го менуваат вашето лице. Внимавајте на своите тела, затоа што тие се ваши“, порача пејачката.

Во описот на видеото таа дополнително напишала: „Не можете никому да му верувате!“

Според „Кливленд клиник“, ботулинскиот токсин се користи и во козметички третмани бидејќи ги опушта мускулите што придонесуваат за појава на брчки.

Спирс во последните месеци повторно е во центарот на вниманието. Во мај признала вина за полесно кривично дело поврзано со претходното апсење за возење под дејство на алкохол и други супстанции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoouaiu557htg30IghMg

(Видео) „Да живее Македонија“ рече Жељко Самарџиќ со знаме од Кутлеш на „Тиквешки гроздобер“

Сцена | пред 6 часа

media-libraryh6tchu0cvc5d3m9eEeT

Натали Портман стана мајка по третпат: Доби дете со францускиот музичар Танги Дестабл

Сцена | пред 18 часа

28400_bata01-news1-dragana-udovicic_ff-118170

Весна Змијанац за зетот Реља: „Би премолчила ако дознаам дека ја изневерил Николија“

Сцена | пред 20 часа

media-library6uarmn12ukgp6zUmcN1

Ребел Вилсон ослабе повеќе од 36 килограми: Го откри начинот на кој ја промени исхраната

Сцена | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања