Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

(Видео) Хоророт „Backrooms“ со рекордна заработка на премиерата

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-library09mmqtu9nbug9UHKVoA

Хорор-филмот Backrooms на режисерот Кејн Парсонс постави нов рекорд за најуспешен премиерен викенд во историјата на продукциското студио A24.

Филмот, кој е адаптација на истоимената вирална интернет-серија на Парсонс, само во петокот инкасирал 38 милиони долари на американскиот пазар, прикажувајќи се во 3.442 кина. Според проценките, заработката за првиот викенд би можела да достигне меѓу 85 и 90 милиони долари.

Со тоа „Backrooms“ повеќекратно го надмина досегашниот рекорд на студиото, кој го држеше филмот Civil War на режисерот Алекс Гарланд, со заработка од 25,5 милиони долари на дебито во 2024 година.

Приказната следи сопственик на продавница за мебел во мало гратче кој открива портал кон мистериозна димензија надвор од познатиот свет. Во филмот настапуваат Чиветел Еџиофор, Ренате Реинсве и Марк Дуплас, а меѓу продуцентите се Џејмс Ван, Шон Леви и Осгуд Перкинс.

На второто место на северноамериканскиот бокс-офис се најде Obsession со заработка од 8,1 милион долари во петокот, додека трет беше Star Wars: The Mandalorian and Grogu со 6,5 милиони долари. На четвртата позиција се пласираше биографскиот филм Michael, кој продолжува со успешната кинодистрибуција и досега има акумулирано околу 340 милиони долари на северноамериканскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ ќе глуми со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

Филм | пред 1 час

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-libraryd2cf6kabeln7195z3Ad

(Видео) Објавена нова сцена од серијата „Хари Потер“, гледачите не се воодушевени од изгледот

Филм | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања