Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Видео) YouTube добива нов изглед и функции на сите платформи

Медиасет.мк
пред 1 година
media-librarylvb0g3qupadg6dIkIYo

Популарниот видео-сервис YouTube воведува нов изглед и функционалности на веб-верзијата, мобилните уреди и паметните телевизори, со цел да го направи корисничкото искуство почисто, поинтуитивно и повеќе насочено кон самите видео-содржини, наместо кон дополнителните визуелни елементи.

Најзначајната промена е редизајнот на видео-плеерот, кој сега изгледа поелегантно и минималистички, со нови икони и анимации што се појавуваат при интеракција – како на пример при лајкување или додавање клипови во плејлиста. Контролите за премотување и паузирање се направени попрегледни, а прелистувањето меѓу различни делови на мобилната апликација е значително пофлуидно.

Подобрена е и „Seek“ функцијата, која сега овозможува со двоен допир на екранот да се прескокне дел од видеото.

Меѓу новитетите се и „thread“ коментарите, односно коментари организирани во нишки – слично како на Reddit – што им овозможува на корисниците полесно да го следат текот на разговорите под видеата.

Дополнително, воведена е и опцијата за гласовни коментари, која досега беше достапна само за ограничен број креатори на содржина.

Од YouTube соопштуваат дека новите опции ќе бидат достапни постепено за сите корисници ширум светот во текот на оваа недела, како дел од пошироката стратегија за модернизација и подобрување на интеракцијата со публиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 21 час

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања