Connect with us

#ФАЦИ

Во банка уште не ни веруваат дека сме добиле пола милион долари: Интервју со македонските студенти кои добија инвестиција за нивната маркетинг алатка за Редит

Никола Велковски, Стефан Котевски и Томислав Јуруковски, неодамна добија инвестиција од пола милион долари за маркетинг алатката Ховитцер (Howitzer) за рекламирање на Редит.

Тројцата апсолвенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во интервју за „Репортер“ ја споделија својата приказна за нивниот старт-ап проект за којшто велат дека самите се одлучиле на ваков чекор, откако Редит се покажал како одличен маркетинг канал за нивната претходна апликација – Beermoney.

Ховитцер е првата маркетинг алатка за Редит, која овозможува наоѓање на потенцијалните корисници преку Редит, и нивно контактирање преку директни Редит пораки (Reddit DMs).

Бидејќи не можеле да најдат ниту една опција за рекламирање на нивниот претходен продукт (Beermoney) на Редит, направиле скрипта која го автоматизира целиот процес на пронаоѓање на потенцијални клиенти на Редит и нивно контактирање.

„Ховитцер во оваа верзија го работиме веќе 13 месеци, и најпрво започна како „проект на страна“. Истиот месец кога го лансиравме и видовме добро оди, дадовме отказ од нашите работни места и целосно се фокусиравме на Ховитцер“, велат тие.

Коосновачот на „Редит“ Алексис Оханијан,  сопруг на тенисерката Серена Вилијамс, ги исконтактирал, откако тие го лансирале Ховитцер и стигнале до MRR од $2000 уште во првиот месец и биле објавени на StartupCrashingIt.

„Алексис е многу пријатен и приземен човек, и до ден-денес ми е еден од омилените веб претприемачи“, вели Никола.

Едни од главните инвеститори во Ховитцер се унгарската компанија DayOne Capital од Будимпешта.

На прашањето дали се соочиле со некакви посериозни бирократски проблеми, тие одговорија: Не, нема проблеми, освен што ниту во банка ниту на нотар не ни веруваат дека некој инвестирал пари во нас, па ни требаат куп документи за да го докажаеме тоа“, велат тие.

Никола, Стефан и Томислав имаат интересен пристап кон канцелариската работа, па така, наместо во патики или чевли, тие го поминуваат работното време само по чорапи. До тоа правило се придржуваат и гостите, иако најпрвин се зачудени од ова необично правило.

„Местото каде што го поминуваш најголемиот дел од денот треба да ти биде најудобното место, така да од таму и идејата да ги направиме канцелариите да изгледаат најдобро што може. Во претходниот стартап (EasyBots), каде заедно работевме со нашиот ментор Марјан Петковски, се запознавме со тој „скандинавски стил“ на стартап канцеларии (два монитора, големи бели маси, ТинкПад + докинг станица, ултра-квалитетни канцелариски столици и синтелон на подот). Тој стил го пренесуваме и во нашата канцеларија, правејќи ја целосно по наш вкус. Најлабаво што може, подобро од дома“, велат тие за „Репортер“.

Тие велат дека платите во последните неколку месеци се значително зголемени, иако се неспоредливи со оние во странство.

„Во Македонија нема доволно стартапи кои се ориентирани кон некој продукт, за разлика од аутсорсинг компаниите кои ги има премногу“, додаваат тие.

На прашањето каде се гледаат во иднина, велат во старт-ап светот. Не се гледаат како дел од некоја голема фирма, туку некаде каде што би можеле да работат на своите идеи и самите да го создаваат својот успех или неуспех. Иако сметаат дека работењето во голема корпорација е комфорно, во некои моменти дури и поисплатливо, сепак внатрешната потреба да создаваат свои продукти и да ги развиваат своите идеи е многу поголема, па дури и да не им носат профит на компанијата.

Марија Прличкова

 

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Петар дојде на аудиција за вработување, а јас бев во жирито, си реков ’види што убав е дечково‘: Љубовната приказна на Емра Куртишова 

Македонската актерка Емра Кутришова неодамна се омажи со својот колега, актерот Петар Стојанов. По три години врска двојката реши да се венча, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што е Петар. Емра вели дека имале преубава свадба за која сè уште се зборува. Конечно успеа да ги присобере впечатоците, па во разговор за Репортер ни ја откри и љубовната приказна со сопругот, но и како поминел подготовките околу свадбата. Зборуваме и за идните планови во однос на нејзината кариера.

По 7 јуни, еве уште се зборува за свадбата и баш тоа ми буди радост и ми дава до знаење дека навистина гостите заедно со мене и Петар си поминаа прекрасно“, ни открива актерката Куртишова. На прашањето како сега се чувствува во брак, вели: Искрено, не е ништо поразлично бидејќи ние веќе подолг период живееме заедно. Тоа е доказ дека таа хартија не менува ништо, единствено што на некој начин се официјализира врската. Така што сè си е како што било и до сега. Единствено што сменив, е што освен што го задржав моето презиме, го додадов и неговото, и секако се тоа со заеднички договор‘, ни откри Емра, која публиката ја засака како Исура, од хит-серијата „Преспав“.

Свадбата беше во Гевгелија. Немало многу гости, туку прославата била во најтесниот круг на семејството. Но како и секоја свадба, така и оваа поминала со малку драма.

„За нервозите околу свадбата ангажирани беа сите околу мене, јас бев многу опуштена. Не знам како ми успеа, но, навистина ништо не допираше до мене, едноставно сакав да ми е мирно во душата. Но, пак не беше сè подмачкано. Бидејќи дента патувавме од Скопје и секако чичко Марфи мораше да вмеша прсти, врвот беше дека јас и Петар доцневме на сопствената свадба, не многу долго. Па кога стигнавме наместо ние да ги пречекаме гостите, се случи обратно. Сега кога ќе се присетиме на тој момент ни делува како од некоја комедија, и навистина беше смешно“, вели Емра и додава: Најважно е дека сè помина во најдобар ред, беше убава мини свадба за паметење.

Атмосферата се вжешти кога Петар го зеде микрофонот и буквално не го остави … па, со оглед на тоа колку го крена расположението се пошегував и му предложив во слободно време да пее на свадби, на што ми одговори дека ќе размисли“, се шегува актерката. Таа ни откри и дека немале обичаи бидејќи свадбата ја правеле во работен ден. Сè почнало и завршило во ресторанот, вели актерката, и затоа што биле растоварени од сите обичаи, имале повеќе време за убава веселба.

Интересна е и нивната љубовна приказна, за која Емра првпат открива во разговорот за Репортер. “ Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, искрена е актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“.

Заедничката работа во театарот, кога се и колеги и во љубовна врска, колку и да е добра, некогаш носи непријатни моменти, кавги. Па зборуваме и за тоа, на што актерката вели: „Реално тоа до сега се нема случено, но, не е чудо да се случи. Приватноста се остава на влезот пред театарот, наша задача е со полна концентрација да си ја одиграме претставата, а проблемот да се реши по завршувањето на истата. Јас и Петар сме различни во карактерите, ама сметам дека тоа е причината зошто сме заедно. Секако дека нè привлекуваат исти нешта и тоа го прави балансот во врската“, открива таа.

Емра во моментов е во Србија, каде подолг период работи на филм и серија. Но, засега, вели таа не смее да открива многу, бидејќи сè уште е рано. И оваа година зад себе имаа успешна работа во Театарот за деца и младинци. Ни откри дека на куклениот фестивал во Подгорица, со претставата „Палешка“ таа и нејзиниот колега Мартин Јорданоски добиле награда за партнерска игра. Потоа се случила претставата „Роња“ која сè уште ги добива сите главни награди од фестивалите. „Морам да признаам дека оваа претстава е една од поубавите во нашиот театар, и топло ја препорачувам на сите оние што не ја гледале.

Во моментов во театарот се работи „Франкенштајн“ и со нетрпение ја очекуваме премиерата“, раскажува таа. Публиката ја засака како Исаура, па ја прашаме дали мисли дека е време да ѝ се врати на телевизијата и дали ќе има нова сезона на хит-серијата?

“ Преспав ми фали веќе две години, и не само мене. Публиката си го кажа своето, серијата помина со огромен успех, а, за тоа се доказ бројните пораки кои ги добивам на Инстаграм. Секоја успешна приказна си има свое продолжение, па да се надеваме дека тоа ќе се случи и со Преспав, открива Емра.

Александра Георгиев

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Пандев го гледаше Елмас во Наполи

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев присуствуваше на натпреварот во Џенова, меѓу неговиот поранешен клуб и Наполи. Имаше можност да го гледа својот наследник во репрезентацијата, Елиф Елмас, кој не се прослави на овој натпревар.

Елмас успеа да добие жолт картон по само 13 секунди игра и со тоа да собори еден неславен рекорд во историјата на италијанскиот фудбал. Напаѓачот жестоко стартуваше над противничкиот играч Гудмундсон. За потсетување, натпреварот меѓу Џенова и Наполи заврши без победник 2:2.

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ патува во Велес

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни, сите во нов аранжман од маестро Николче Мицевски, има цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации  за нивната земја и нејзиното наследство.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: