Во Крушево се снима македонскиот хорор филм „Виртуоз“. Веста за снимањето на филмот ја откри Томе Христоски градоначалникот на Крушево и објави слика на Фејсбук.
Филмот е во продукција на Сити Стар. Режисер е Огнен Шапковски, а продуцент е Богдан Јончески. За сега не се откриваат други детали за филмот.