Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Во нив видов нов и храбар театар“: младите актери од студиото на Михајловски во четиричасовна изведба на лектирен маратон во МНТ

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryo44ujtgbd7ve3AyNWBR

„Вчера во Македонскиот Народен Театар се случи мал лектирен маратон. Децата од нашето актерско студио ги изведоа претставите “Зоки Поки”, “Петар Пан” и “Пат околу светот за 80 дена”. Тие 4 часа возбуда, паника, адреналин, страв, храброст, солзи, среќа, тага, смеа, трема, и театарска игра…не можам да ги опишам. Тоа само може да се доживее“, вели актерот Тони Михајловски.

Тој упати голема благодарност пред сè на децата-учесници, кои, како што истакна успеале сè да претворат во лесна и инспиративна изведба, покажувајќи талент и храброст од најмала до највозрасна група.

„Можеби сум пристрасен но јас во нив видов и нов и храбар театар. Знам дека некои од нив ќе ги гледате во иднина и на “театарските штици” и на екраните“, додава Михајловски.

Посебна благодарност беше упатена и до целиот тим кој учествувал во подготовката и реализацијата на проектот – продуценти, педагози, соработници, сценографи, костимографи, дизајнери на звук и светло, како и техничкиот персонал, при што МНТ беше истакнат како „втор дом“ за младите актери.

Михајловски им се заблагодари и на родителите за довербата и поддршката, нагласувајќи дека нивната посветеност била подеднакво важна како и онаа на децата.

„Идејата ни е со овој лектирен театар да продолжиме и да поставиме на сцената што повеќе дела кои се обработуваат како лектира во училиштата.

Се гледаме од септември“, вели Михајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryagmidm0rorie4SPCTlB

(Фото) Северина прошета низ Сицилија во ретро-издание, а сите гледаа во нејзината чанта од 30.000 евра

Сцена | пред 3 часа

media-librarynosk574teuuifeaEfd7

„Гугл“ започна со продажба на Googlebook: нова конкуренција за Windows и MacBook

Технологија | пред 4 часа

media-librarynqf1gul7buvb0mJmCb9

Речиси 40 години живее бесплатно во куќата на Стиви Вондер, пејачот сега ја тужи

Сцена | пред 7 часа

media-librarycjse90pj9eivfe30zDd

(Видео) Новороденче со „мустаќи“ стана хит на социјалните мрежи

Вирално | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања