Connect with us

#ФАЦИ

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски

Избор од 17 песни, од албумот Cowboys & Indians во 1994 година, до Taftalidze Shuffle 2020, се најдоа на компакт-дискот, а на пролет се очекува и двоен винил
Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив.

Ова му успоеа на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот.  Пресек на исклучително успешната соло-кариера на еден од најголемите гитаристи на нашите простори веќе е достапен на „Greatest hits collection“, во издание на Croatia Records.

Компилацијата ја отвора темата „Cowboys & Indians“ од истоимениот студиски албум од 1994 година, по која одат „Кандилце“ и „Сараево“. Приказната хронолошки продолжува со еден од најголемите хитови на Влатко, песната „Џипси сонг“, а потоа следат хитовите „Калајџиско оро“, „Влатково оро“ и „Глуво доба“ од ценетиот албум „Влатко Стефановски Трио“.Тука се и песни од албумите „Кула од карти“, „Thunder From the Blue Sky“ и „Сеир“, а неизбежен дел од наследството на Влатко се и песните „Бистра вода“ и „Успаванка за Радмилу М.” од незаборавниот акустичен албум „Мајчин јазик“. Компилацијата завршува со „Funky Junkie“ и „Огледало“ од актуелното студиско издание „Taftalidze Shuffle“.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: