Connect with us

#ФАЦИ

Времето лета Мања: Александар Митевски со емоции за роденденот на помалата ќерка

Пејачот и композитор, Александар Митевски, откри дека неговата помала ќерка Мања наполни 16 години. Тој на Фејсбук објави две постари слики со ќерка си, едната од нејзиниот 14. роденден, другата кога била помала.

„Мојата помала ќерка Мања денес 16. Времето лета“, напиша Митевски.

Освен Мара, Александар ја има и ќерката Ања. Таа во декември ќе полни 21 година.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Лара Иванова и Виктор Апостоловски, најпознати имиња од шестте изведувачи што ќе се натперваруваат за Евросонг

Денеска, на официјалниот фејсбук-профил на Евровизија Македонија беа објавени шестте селектирани песни што ќе влезат во потесниот круг на натпреварот на Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022, кој ќе се одржи во Торино, Италија. Меѓу нив има многу познати имиња, како Лара Иванова и Виктор Апостоловски.

Сите композиции се современи авторски дела, кои ги исполнија очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и на земјата на најпрестижната европска музичка манифестација Евросонг.

Калина Велковска – Кали ќе се натпреварува со песната Love and Light, чиј текст е на Весна Малинова, а музиката е на Давор Јордановски, кој учествуваше и во аранмжанот заедно со Никола Васков – Нино и Петар Луќиќ.

Јон Ајдини (Yon Idy) ќе се натпреварува со песната Dreams. Текстот и музиката се негови, а аранжманот го направи со Ангел Ќосев.

Лара Иванова ќе се натпреварува со песната Flower of Sorrow, чиј текст е на Робин Зимбаков. Музиката е на Роберт Билбилов, кој учествуваше и во аранжманот со Дарко Димитров.

Виктор Апостоловски ќе настапи со песната Superman. Текстот е негов и на Владимир Дојчиновски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот.

Андреа Коевска (Andrea) ќе настапи со песната Circles. Текстот е нејзин и на Александар Масевски, кој се јавува во улога на композитор и аранжер.

Борис Цветановски (Ris Flower) ќе настапи со песната Flying to Berlin, кој се јавува во улога и на текстописец и на композитор. Аранжманот е на Мустафа Џанбазлар

Во согласност со правилникот, за избраните шест композиции МРТ ќе изработи видеа со текст, кои ќе бидат поставени на онлајн-платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе бидат јавно презентирани на 28.1.2022 (петок) во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ, со почеток од 22 часот, кога и официјално ќе почне онлајн-гласањето. Таа ќе биде отворена 7 дена и ќе заврши на 4.2.2022 година.

Победникот ќе биде избран по пат на онлајн-гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50:50.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Aктерот Жарко Димоски сведок на несреќата пред Сити мол: Слушнав крици кои нема да ги заборавам цел живот

Познатиот актер Жарко Димоски бил случаен сведок на трагичната несреќа која се случи синоќа, во која загина 24-годишна девојка од Радовиш, а нејзиниот дечко беше повреден. Тие беа удрени со „ПМВ цитроен“ од 22-годишно момче.

Тој се огласи на својот Фејсбук профил и напиша што видел синоќа:

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира cмртта на девојката, слушав крици што нема да ги заборавам цел живот. Улиците се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме“, напиша актерот и упати сочувство кон семејството за загинатата.

За потсетување, во синоќешната несреќа беше прегазена пред Сити мол во Скопје била од Радовиш, а ја прегазил 22–годишен скопшјанец. Според МВР, несреќата се случила во 19:44 часот, а во неа исто така било повреден и нејзиниот дечко, кој е исто од Радовиш. По несреќата, веднаш бил пренесн во болницата ГОБ „8 Септември“.

Според пријавата, несреќата се случила на ул. Московска со бул. Партизански одреди во која „ПМВ цитроен“ управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Јутјуберот Стефан Лазаров главна тема во „Задруга“ откако раперот Ша го обвини дека му ја украл девојката

Српскиот рапер Ша се врати во реалното шоу „Задруга“ и ја обвини неговата поранешна девојка Тара Симов дека го изневерила со македонскиот јутјубер Стефан Лазаров. Ова наводно се случило кога Тара и Ша биле во Скопје на роденденот на Лазаров. Раперот ја обвинил Тара дека среде роденден неа и Стефан ги снемало еден час и дека тие биле заедно во тоа време. Тара ги отрфли овие обвинувања, а Стефан сними влог на Јутјуб во кој објасни што точно се случувало.

„Ша ме обвини дека ја изневерив Марта со Тара. Лажно“, вели јутјуберот.

Стефан пред два дена добил повик од продукцијата на „Загруга“. Тие го поканиле на разговор во Белград.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: