Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

X го менува алгоритмот: Повеќе објави од пријателите, помалку конфликти во коментарите

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-library6jkcchul7lev4YZXiCb
фото: unsplash

Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, воведе промени во својот алгоритам со цел да ја зголеми видливоста на објавите и коментарите од корисници кои меѓусебно се следат.

Директорот за производи на платформата, Никита Бир, објасни дека алгоритмот досега недоволно ги земал предвид таканаречените „меѓусебни следбеници“, поради што коментарите од пријатели ретко се појавувале, а дискусиите честопати биле исполнети со непознати корисници.

„Забележавме дека овие податоци недостасуваа во алгоритмот, поради што вашите пријатели многу поретко се појавуваа во одговорите на објавите. Како резултат на тоа, делот за коментари повеќе личеше на вистинско бојно поле со луѓе што воопшто не ги познавате“, изјави Бир.

Иако промената нема веднаш драстично да го измени корисничкото искуство, од компанијата очекуваат платформата повторно да стане место каде што корисниците полесно ќе комуницираат со луѓето што ги познаваат и со кои имаат заеднички интереси.

Според Бир, новиот алгоритам ќе помогне и во полесно формирање заедници околу заеднички интереси, функција што корисниците подолго време ја бараат.

Промената е дел од пошироката стратегија на X за привлекување креатори на содржини. Во текот на годинава платформата го измени и системот за монетизација, со кој се наградува оригиналната содржина, а неодамна претстави и напреден уредувач за видео што овозможува обработка на видеа директно во апликацијата.

Новите измени доаѓаат во период кога и конкурентската платформа Threads на компанијата Meta воведува функции насочени кон создавање заедници, вклучително и можност корисниците сами да го прилагодуваат алгоритмот што ја одредува содржината прикажана на нивниот почетен екран. Според компанијата, Threads неодамна достигна повеќе од 500 милиони активни корисници месечно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 8 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 23 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања