Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Хаос на Вимблдон: 15-годишна тенисерка фрли рекет во публиката и веднаш беше дисквалификувана

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarye7igj7b3b19v5i77g6F
screenshot X

Необична сцена го одбележа јуниорскиот турнир на Вимблдон, каде што 15-годишната германска тенисерка Ида Вобкер беше дисквалификувана поради неспортско однесување.

Дуелот од првото коло против Марија Поп започна лошо за Вобкер, која го загуби првиот сет со убедливи 6:0. Во вториот сет, сепак, успеа да пружи далеку посилен отпор.

При резултат 5:5, по својата 44. неизнудена грешка на мечот, младата Германка ја загуби присебноста и во знак на револт го фрли рекетот, кој заврши меѓу гледачите.

Главниот судија веднаш го прекина натпреварот и го повика супервизорот на турнирот.

Според првичните информации, никој од публиката не бил повреден, но организаторите ги применија строгите правила на Вимблдон и Меѓународната тениска федерација (ИТФ), кои не дозволуваат загрозување на безбедноста на гледачите.

Поради опасното однесување, супервизорот донесе одлука за моментална дисквалификација, а победата службено ѝ беше доделена на Марија Поп.

Освен што на неславен начин го заврши своето дебитантско учество на Вимблдон, Вобкер би можела да се соочи и со висока парична казна, која за вакви прекршоци може да достигне и до 50.000 долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 5 часа

media-libraryquql6blcpi8882E5Q39

(Фото) Дуа Липа повторно во центарот на вниманието: Виолетов блејзер и црна долна облека

Вирално | пред 8 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 8 часа

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

Три хороскопски знаци влегуваат во најубавата деценија од животот: ги очекуваат успех и мир

Вирално | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања