Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Хороскопски знаци кои секогаш реагираат на неправда

Медиасет.мк
пред 9 месеци
horoscope-lucky

Кај некои луѓе неправдата никогаш не поминува незабележано, без оглед на околностите или можните последици. Додека некои ќе премолчат и ќе се повлечат, други речиси инстинктивно реагираат. Таквите луѓе тешко поднесуваат непочитување, двојни аршини и искористување на послабите. Често чувствуваат внатрешна потреба да застанат во одбрана на себе или на другите, дури и тогаш кога тоа не им носи лична корист. Според астрологијата, овие особини најчесто се врзуваат со следниве хороскопски знаци.

Овен
Личностите родени во овој знак реагираат импулсивно кога ќе забележат неправда. Тешко им е да останат настрана ако сметаат дека некој е оштетен или неправедно третиран. Нивните реакции се брзи и директни, без многу двоумење околу последиците. Не поднесуваат злоупотреба на моќ и подготвени се да ѝ се спротивстават. Иако понекогаш делуваат нагло, зад тоа стои силно чувство за правичност.

Вага
За Вагите рамнотежата е основа на сè, па неправдата ја доживуваат како сериозно нарушување на таа хармонија. Луѓето родени во овој знак силно реагираат на нечесен однос, особено кога станува збор за меѓучовечки односи. Сакаат да ја согледаат целата слика, но ретко остануваат неутрални ако почувствуваат дека некој е оштетен. Нивната реакција најчесто е смирена, но цврста и доследна. Вагите веруваат дека молчењето пред неправдата значи и учество во неа.

Водолија
Водолиите имаат изразен чувствo за општествена правда и еднаквост. Неправдата ги погодува и на личен и на поширок, општествен план. Често реагираат и тогаш кога ситуацијата не ги засега директно. Подготвени се да ги преиспитуваат системите, правилата и воспоставените модели на однесување. Нивните реакции можеби не се секогаш гласни, но обично се истрајни и долгорочни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 5 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 2 дена

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања