Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Хотелот чинел 700 милиони евра, а во него никој досега не престојувал

Медиасет.мк
пред 2 години
29236026165d1d14951633807030609_692x460

Хотелот е изграден во 1980-тите, во неговата изградба биле вложени 700 милиони евра, никогаш не примил гости, а поради тоа го добил и не толку посакуваниот прекар „хотел на пропаст“.

Тоа е хотелот „Рјугјонг“ во Пјонгјанг, Северна Кореја, а неговата изградба започнала далечната 1987 година, со големи планови да се отвори за посетители две години подоцна.

Отворањето на хотелот беше планирано да се совпадне со Светскиот младински и студентски фестивал во 1989 година. Неговите креатори имаа намера да го соборат рекордот за највисок хотел во светот, титула што во тоа време ја држеше Јужна Кореја.

Хотелот „Рјугјонг“ е дизајниран во необична форма на пирамида и над 304 метри височина со 105 ката, требало да има дури 3.000 соби и пет ресторани.

Но, и покрај тоа што организаторите вложиле околу 700 милиони евра во проектот, напредокот во изградбата на објектот е бавен со години.

Планираната височина ја достигнал во 1992 година, но за време на економската криза во Северна Кореја, изградбата била прекината, а кранот бил оставен на врвот на зградата.

Во следните 16 години, хотелот Рјугјонг стоел празен. По долга пауза, кранот е отстранет, а хотелот „Рјугјонг“ бил покриен со метал и стакло, кои чинат речиси 170 милиони евра.

На крајот на 2012 година, германската хотелска групација Кемпински објави дека следната година делумно ќе го отвори „Рјуѓонг“ под нејзино управување. Сепак, само неколку месеци подоцна, компанијата се повлече.

Понатамошната работа на хотелот се случи во 2018 година, кога тој беше опремен со лед светла во обид да го направи малку попријатен за минувачите.

Хотелот сè уште не е отворен за резервации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 22 часа

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 1 ден

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања