Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Хуманоидните роботи во Кина добиваат матичен број

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-librarynvi3dsrde4i1eMZCYWY
фото: unsplash

Кина започна национална програма со која на секој хуманоиден робот произведен во земјата ќе му биде доделен единствен дигитален идентификациски код.

Практично, станува збор за матичен број за роботи кои можат да одржуваат рамнотежа и да одат или трчаат на две нозе.

Иницијативата, наречена „Платформа за управување со целокупниот животен циклус на хуманоидни роботи“, беше најавена во петокот.

Програмата ја предводи Комитет за стандардизација на хуманоидна роботика и отелотворена интелигенција, кој работи под надлежност на Министерство за индустрија и информатички технологии.

Машинските кодови ќе бидат поделени на четири дела. Двоцифрен национален код ќе се користи за меѓународни испораки и продажба, четирицифрен код на производителот ќе ја идентификува компанијата што го произвела роботот, а потоа ќе следуваат шестцифрен код на моделот и седумнаесетцифрен сериски број за разликување на поединечните примероци.

Целта е хуманоидните роботи да се следат од самиот процес на производство, низ целиот работен век, па сè до нивното рециклирање.

Според истражување на IDC, глобалниот пазар на хуманоидни роботи минатата година забележал раст од дури 508 проценти, со околу 18.000 испорачани единици ширум светот, при што кинеските производители биле водечки двигател на растот.

Кина веќе има повеќе од 100 производители на хуманоидни роботи, а повеќе од 28.000 роботи од околу 200 различни модели веќе добиле сопствен дигитален идентификациски број и пред официјалното јавно претставување на платформата.

Според надлежните, системот е дизајниран за решавање на прашања поврзани со безбедноста, надзорот и управувањето, како и за воспоставување стандарди потребни за понатамошен развој на индустријата и нејзино проширување на глобалниот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 23 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања