Connect with us

#ФАЦИ

За 40 дена собравме 1200 песни посветени на Тоше од автори од цел регион: Поетесата Маријана Митревска за стихозбирката посветена на поп-ѕвздата

Во вторникот, на 25 јануари, во Спомен куќата на Тоше Проески, се одржа хуманитарен настан во чест на неговиот 41. роденден. Програмата започна во 10.30 часот, со промоција на книгата на Бојан Тодоровски, лице со телесен инвалидитет, кој бил инспириран од Тоше. По што Никола Зецевски имаше музички настап заедно со групата „Мелем“.

По музичкиот настап, се одржа промоцијата на збирката песни „1200 молитви за Тоше“, чиј организатор и уредник е поетесата Маријана Митревска. Во стихозбирката учество земаа над 150 автори од целиот регион, од кои 25-мина дојдоа лично да ги прочитаат своите дела. Делото е од хуманитарен карактер, па сите пари собрани од продажбата ќе бидат донирани во манастирот „Свето Преображение“ во Крушево.

„Сите имавме неверојатна трема, но сепак се чувствувавме возбудени и среќни што се сретнавме, затоа што имаше поети од Хрватска, Бугарија и шест девојчиња од Крушево. Се чувствуваше и тагата што читаме песни, а Тоше не е тука“, вели Маријана.

Таа додава дека секоја песна од стихозбирката ја смета за молитва, па преку молитвата читателите се зближуваат со Тоше и го чувствуваат во своето срце, а со овој хуман гест се продолжува неговото дело.

„Сите сакаат роденденот на Тоше да се прогласи за Ден на хуманоста, најпрво во земјата, а потоа и во земјата“, вели поетесата.

Идејата за книгата произлегла од нејзината посета во јули 2019 година, но не сакала ништо да стори без дозвола од фамилијата Проески. Таа неколку пати комуницирала со нив, но поради пандемијата не било возможно да се реализира целиот настан за ланскиот, јубилеен 40. роденден на Тоше. Но, како што вели Маријана, упорноста се исплатела, па успеала да ги собере сите тие песни од разни земји за 40 дена.

„Тоше имаше обожаватели насекаде, а меѓу нив имаше многу поети. Собрав и околу 200-500 песни, кои не влегоа во книгата, бидејќи многу од нив беа плагијати и преземени песни. Мојата замисла да се обединиме повторно заедно за Тоше е успешно реализирана од повеќе уметнички гранки: Литература, музика и сликарство“, вели Маријана.

Таа додава дека ѝ било време додека да го реализира овој огромен проект, па изминативе две години ги запознала поетесите кои активно пишуваат песни за Тоше, уште од 2007 година. На почетокот имала собрано 600 песни, но за кратко време бројката достигнала до 900. Па останатиот дел, го пополниле поети кои испратиле уште по неколку песни

„За учество немаше никакви услови, можеа да учествуваат сите без разлика на нивната возраст, религиозна определба или националност. Имав потешкотии околу складирањето и уредувањето на песните, внимававме на податоците на поетите, како и обезбедувањето финансиска помош“, искрена е Маријана.

Таа додава дека е среќна што успеала најпосле да го реализира својот проект, заедно со сите Македонци кои живеат надвор од земјата, но и останатите обожаватели низ Балканот. Оние кои не успеале да напиша песна, учествувале финансиски, со изработката на корицата или дале рецензија.

По промоцијата на книгата, крушевскиот градоначалник Тоше Христоски заедно со директорката на Спомен-куќата Лефкија Гаџовска доделија хуманитарни ваучери, по што се упатија кон вечното почивалиште на Тоше.

Настанот кулминираше со музичко-сценскиот настап на камерниот оркестар на Битола, Пијано-трио од Скопје и солисти на Македонската Опера и Балет, со диригентот Владимир Димовски. Меѓу солистите беше и познатиот пејач Огнен Здравковски.

За потсетување, во текот на целиот ден, традиционално, се одржа и крводарителската акција на Црвен Крст во чест на Тоше.

Марија Прличкова

фото: Сашо Ставрев

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Првпат во животот облеков фармерки откако ослабев 60 килограми: Пејачката Ивона Јо среќна и посветена на музиката 

Пејачката Ивона Јовановиќ ослабе 60 килограми и првпат во животот облече фармерки. Шест месеци по операцијата на желудникот вели дека конечно е задоволна кога ќе се погледне во огледало.

„Веќе ја немам онаа лажна самодоверба. Кога се затворивме во пандемијата, дознав многу работи за себе, на пример дека се прејадував не затоа што сум била гладна, туку за да го скријам стресот. Денес животот ми е сменет, вежбам јога, медитирам, посветена сум на пеењето и настапите и конечно сум вистински среќна“, вели Ивона во интервјуто на „Репортер“.

Се дружевме во Куманово, градот каде што е родена и живее. И додека ни ги откриваше омилените места на нејзиниот град разговаравме за сè. За музиката, настапите во „Ѕвездите на Гранд“, па и онаа болна тема, психичките проблеми кои со години ја мачеле поради дебелината.

„Никој не ме прашуваше како сум. Ме покажуваа со прст и коментираа дека сум дебела. Кога објавив слики на кои носам свилен фустан, луѓето мислеа дека промовирам гојазност. Јас тоа го направив за себе. Разговорите со психолог многу ми помогна да ги надминам проблемите и да сфатам дека имам многу квалитети за кои не бев свесна“, вели Ивона.

Од дете имала проблем со дебелината, Баба ѝ ја учела да носи широка облека за да ѝ го покрива телото. Денес, кога тоа е минато, Ивона вели дека веќе не се лути, ниту на родителите ниту на баба ѝ.

„Им простив, затоа што само така можев да тргнам напред и да ги надминам сите психолошки проблеми“, искрена е пејачката.

Низ сите овие години музиката ја водела напред. Зад неа е и бендот со кој ни покажа како се пее. А, кога е на јога, освен што го затега телото, си ја смирува и душата. Помеѓу музиката и јогата, секогаш наоѓа време за дружење и чаша вино со нејзиниот најдобар пријател, пејачот Марио Арангеловски. Марио го запознала на аудиција за ‘Идол’. Иако не се сакале, денес се најдобри другари.

„Баба му Ратка многу ме сака и сака да ѝ бидам снаа. Марио лаже дека не сме љубители на алкохолот. И двајцата  сакаме да испиеме чаша добро вино“, рече Ивона. Поради алкохол настанал и најсмешниот клип за јутјуб што го снимиле и бидејќи пијани глумеле модно жири, клипот никогаш не го објавиле.

Дали им било непријатно да се бакнуваат пред камери, како еден на друг си биле лоша среќа во „Гранд“, ама и зошто Ивона не ѝ пееше пратечки вокали на Калиопи на Евросонг. Тука се и муабетите за детството , за операцијата што ја чека пред крајот на годината, песната што наскоро ќе ја снима во Белград, како од 5ХЛ стигна до Л и зошто сака да отвори бутик на плус сајз девојки… гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

 

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Геј пар се венчаше со евровизиската песна на Васил Гарванлиев

Евровизиските фанови Тој и Гој, кои имаат свој Јутјуб канал, биле толку многу воодушевени од песната Here I Stand што Васил Гарванлиев ја пееше лани на Евросонг, што ја избрале како главна песна на нивната свадба. Тие ова го открија во видеото во кое ги споделија своите впечатоци од песната Circles со која Андреа годинава ќе ја претставува Македонија на музичкото натпреварување.

„Се сеќавате ли каква реакција имав лани кога првпат ја слушав песната на Васил? Навивав за него да успее, и знам дека луѓето велат дека песната е малку лигава, ла, ла, ла, но ако ја слушнете само инструменталната верзија на песната, ќе сфатите дека е прекрасна. Прекрасна. Таа беше една од главните песни на нашата венчавка. Васил требаше да пее во финалето. Песната ја гледаме како вистински подарок од Васил за свадбата. И иако не сме го запознале, знаеме дека ќе го обожаваме и кога ќе го сретнеме“, велат Тој и Гој во видеото.

Инаку, песната Here I Stand беше промовирана пред точно една година, а ја претставуваше Македонија на Евросонг во Ротердам. За да ја одбележи годишнината, пред неколку дена, Васил објави десет ремикси на песната кои ги направија диџеи од целиот свет.

„Сега тие ја пуштаат Here I Stand во клубовите и дискотеките. Песната почнува да грми на журки“, рече Васил за „Репортер“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022

Вечерва беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.

Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музичари, кои претходно беа избрани на конкурсот кој го распиша МРТ.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, напиша Андреа на социјалните мрежи.

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: