Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

За мали пратки од Тему и Шеин ќе се плаќа 3 евра царина, ЕУ воведува нова мерка

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Од следната година ќе плаќаме 3 евра царина на мали пратки нарачани од Тему и Шеин.

Европските министри за финансии денеска постигнаа привремен договор за воведување фиксна царина од три евра за мали пакети, што ќе се применува од 1 јули 2026 година и најмногу ќе ги погоди кинеските онлајн-продавници. Станува збор за пратки со вредност помала од 150 евра, кои сочинуваат 93 проценти од е-трговијата во Европската Унија.

Според податоците на Европскиот економски и социјален комитет, секој ден во Европа пристигнуваат околу 12 милиони мали пакети со облека, козметика и играчки нарачани од Кина преку онлајн-платформите Шеин и Тему. Претставници предупредуваат дека прагот од 150 евра ги става европските трговци во неповолна положба и носи ризици по здравјето и безбедноста.

Кинеските онлајн-продавници се обвинуваат дека не ги почитуваат здравствените и безбедносните стандарди што важат во Европската Унија. Шеин и Тему преку своите апликации продаваат производи на фабрики со пониски трошоци, делумно поради тоа што не мора да вршат тестирања какви што се задолжителни за производителите во Европа, ниту пак се обврзани да ја рециклираат вратената стока, што е практика во ЕУ.

Овие платформи стануваат сè поприсутни и во Македонија, во услови на пораст на цените на храна, енергенси, кирија и облека. Привремениот договор за царина од три евра ќе важи додека не се укине правилото со кое ваквите пратки се ослободуваат од царински давачки.

Во ноември, министрите за финансии договорија укинување на правилото што дозволува влез на стока со вредност под 150 евра во ЕУ без плаќање царина. Таа мерка ќе почне да важи откако ќе се воспостави Центарот за царински податоци на Европската Унија – централизирана платформа за размена на царински информации и засилување на контролите, чија функционалност се очекува во 2028 година.

Преговорите за воспоставување на овој центар сè уште траат помеѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент, како дел од пошироката реформа на царинската рамка на Унијата. Кога ќе стане целосно оперативен, центарот ќе овозможи царинска примена на сите пакети што влегуваат на европскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Патувања | пред 2 дена

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

ЕУ подготвува строги правила за чет-ботовите: Забрана за создавање емотивна зависност кај децата

Технологија | пред 2 седмици

media-library925ogl4fuhrb2CGF17S

ЕУ подготвува нови ограничувања за социјалните мрежи

Технологија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања