Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

За првпат во историјата: Електричните автомобили ги надминаа бензинците во Европа

Медиасет.мк
пред 4 месеци
elektricni

Електричните автомобили забележаа рекорден раст на продажбата во Европа во текот на мај.

Европскиот автомобилски пазар достигна важна пресвртница. Во текот на мај, електричните автомобили за првпат беа попродавани од моделите со исклучиво бензински мотор во Европа, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Велика Британија и членките на ЕФТА.

Вкупно во мај биле регистрирани околу 1,15 милиони нови автомобили, што претставува раст од 3,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Електричните автомобили зазеле 23,3 проценти од пазарот, додека уделот на бензинците паднал на 21,7 проценти. Пред двата вида погон и понатаму се класичните хибриди.

Во самата Европска Унија електричните автомобили сè уште малку заостануваат зад бензинците, но разликата е минимална. Од почетокот на годината се регистрирани повеќе од 950.000 целосно електрични возила, кои сега имаат пазарен удел од 20 проценти.

Најголем раст на продажбата на електрични автомобили е забележан во Италија (+75,7%), Франција (+55,4%) и Германија (+40,9%).

Голем придонес за растот има компанијата „Тесла“, чија продажба во Европа во мај речиси се удвои. Моделот „Y“ повторно беше најпродаваниот електричен автомобил со 17.183 продадени примероци, додека моделот „3“ забележа раст на продажбата од дури 198 проценти.

Во исто време, побарувачката за автомобили со бензински мотори во Европа се намали за 18,2 проценти, додека продажбата на дизел-возила опадна за 16,6 проценти. Најголем пад на продажбата на бензинци е забележан во Франција, Шпанија и Германија.

Сè позначајна улога имаат и кинеските производители. Компанијата „БИД“ во мај за првпат стана најпродаваниот кинески автомобилски бренд во Европа, престигнувајќи го „Ем-Џи“ (SAIC Motor). Силен раст бележат и „Чери“, „Липмотор“, „Џили“ и „ЕксПенг“, потврдувајќи дека кинеските производители продолжуваат забрзано да го освојуваат европскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 2 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 15 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 19 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања