Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Заборавениот хит на Дензел Вашингтон повторно освојува на Netflix

Медиасет.мк
пред 1 година
media-libraryua23oj6u4uqmetWbIOZ

Дензел Вашингтон моментално слави новата соработка со Спајк Ли, со кого го сними криминалистичкиот трилер „Highest 2 Lowest“. Филмот веднаш по премиерата стана голем хит на Apple TV+, а обожавателите речиси две децении чекаа двојката повторно да се обедини.

Сепак, додека соработката со Ли е ретка, Вашингтон низ годините разви силно партнерство со режисерот Тони Скот. Нивниот најпознат заеднички проект, акцискиот филм „Man on Fire“, неодамна пристигна на Netflix и веднаш го освои врвот на листите на гледаност ширум светот.

Според податоците на FlixPatrol, филмот на 26 септември беше трет најгледан наслов на Netflix глобално, веднаш зад „She Said Maybe“ и „KPop Demon Hunters“. Така го престигна новиот романтичен филм „The Wrong Paris“ и фантастичниот наслов „Seventh Son“ со Џеф Бриџис.

Интересно е што „Man on Fire“ при премиерата во 2004 година доби поделени критики. Особено се памети по визуелниот стил на покојниот режисер Скот, кој ја популаризираше употребата на сепија филтер во сцените сместени во Мексико. Критичарите му дадоа скромни 39% на Rotten Tomatoes, но публиката со текот на годините му додели импресивни 89%, и филмот постепено стекна статус на култен наслов.

Многуми сметаат дека токму овој филм ја отвори патеката кон трилогијата („Equalizer“), една од најуспешните акциски франшизи во кариерата на Вашингтон. Во третото продолжение повторно глумеше со Дакота Фенинг, која како девојче имаше клучна улога во „Man on Fire“. Трите филма од трилогијата заедно заработија повеќе од 500 милиони долари, додека „Man on Fire“ на светските економија оствари околу 130 милиони долари.

Вашингтон и Скот снимија заедно уште неколку успешни филмови, меѓу кои „The Taking of Pelham 123“ и „Unstoppable“, и двата со многу добри резултати . Нивната соработка започна уште во деведесеттите со филмот „Crimson Tide“, кој исто така беше голем успех.

Филмот „Man on Fire“ сега е достапен на Netflix и, според реакциите на публиката, повторно освојува нова генерација гледачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања