Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Замина д-р Марк Слоун: Ерик Дејн почина на 53 години

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-libraryk1583qht0aud2b5xRZN

Американскиот актер Ерик Дејн, најпознат по улогите во сериите Вовед во анатомија и Еуфорија, почина на 53-годишна возраст, неполна година откако му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), пренесува BBC.

Според соопштението, Дејн ги поминал последните денови опкружен со семејството и блиските пријатели. Тој во април 2025 година јавно откри дека му е дијагностицирана АЛС – ретко невродегенеративно заболување кое ги зафаќа моторните неврони во мозокот и ’рбетниот мозок и постепено доведува до губење на контролата врз мускулите.

Во интервју во јуни 2025 година, актерот зборуваше за првите симптоми, истакнувајќи дека најпрво почувствувал слабост во десната рака. По повеќемесечни лекарски прегледи и консултации со специјалисти, ја добил конечната дијагноза. До средината на 2025 година, тој изгубил значаен дел од функцијата на десната страна од телото.

Дејн ја започна својата кариера во 1990-тите со гостински улоги во повеќе телевизиски серии. Во 2006 година се приклучи на актерската екипа на „Вовед во анатомија“ како д-р Марк Слоун, лик што го толкуваше до деветтата сезона. Подоцна имаше кратко појавување и во 17. сезона.

По заминувањето од серијата, глумеше во „Последниот брод“, а во 2019 година ја презеде улогата на Кал Џејкобс во серијата „Еуфорија“ на HBO, во која се појави во првите две сезони и се врати на снимање во 2025 година за третата сезона.

Покрај телевизиската работа, настапуваше и во филмови како „X-Men: The Last Stand“, „Marley & Me“ и други проекти. Во декември минатата година беше најавено дека подготвува мемоари за животот со АЛС, планирани за објавување во 2026 година.

Дејн беше во брак со актерката Ребека Гејхарт, со која има две ќерки. Иако двојката поднесе барање за развод во 2018 година, постапката беше повлечена во 2025 година.

Семејството побара приватност во периодот на жалост. Детали за комеморација или јавна почит сè уште не се објавени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybhrclah4g5170hboxXp

Тејлор Свифт со провокативен стих во новата песна „Cleveland!“: Фановите веднаш реагираа

Сцена | пред 1 ден

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Маклмор тргнува на „Free Palestine Tour“ по отстранувањето од турнејата на Ед Ширан

Сцена | пред 1 ден

fenjgrehrtjhdztj-158218

Перо Антиќ: На 16 години добив шлаканица во полициска станица во Скопје

Вирално | пред 1 ден

media-librarykr84hchrnn2mduSCdco

Оземпик и слични лекови може да го зголемат ризикот при општа анестезија

Вирално | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања