Connect with us

Hi, what are you looking for?

#ФОКУС

Започнува вакцинацијата во Охрид, пунктот доби вакцини


Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

„Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот “Синофарм”. Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, пишува градоначалникот Константин Георгиески.



Извор: Скопје1.мк

error: