Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“

Медиасет.мк
пред 2 години
bog-na-kolezot-probi-3

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) - по текст на светски познатата француска авторка, Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска.

Станува збор за еден од најпоставуваните текстови на Реза, напишан во 2006 година, за кој добива и многубројни награди.

Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа.

Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара кои ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи.

Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6lhs7ru73o8o216hsfw

„Да ти цркне Мина“: Весна Петрушевска доби морничав коментар за ќерка ѝ по роденденската објава

Сцена | пред 6 часа

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Зошто ноември носи големи одлуки во љубовните врски?

Вирално | пред 1 ден

media-library61ar6a17f9ic7JWNSFN

(Видео) По настапот на „Макфест“, Арте Факт го објавија видеоспотот за „Вистина“

Сцена | пред 2 дена

media-library26acpckuggu16e9Dbox

Паметен фрижидер со екран и вештачка интелигенција: Луксуз или непотребен трошок?

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања