Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Заврши првото издание на „Скопскиот поетски фестивал“

Медиасет.мк
пред 5 години
SPF_40-768x512

Првото издание на интернационалниот „Скопски поетски фестивал“ заврши денеска со мастер-клас, односно работилница за креативно пишување, која ја предводеше универзитетскиот професот Ким Симонсен од Фарските Острови.

„Презадоволни сме од првото издание на СПФ. Се создаде чудесна енергија, добивме и сѐ уште добиваме пораки и честитки и од присутните, но и од многу поети пријатели од Европа што ги следат објавите во медиумите и на социјалните мрежи. Посетеноста беше над нашите очекувања и она што особено нѐ радува е фактот дека публиката остана и долго по настаните да се дружи со учесниците. Сето ова е знак дека овој фестивал навистина му беше потребен на градот. Од друга страна, свесни сме дека можевме да направиме и поголем и содржински побогат фестивал, но, за жал, се соочивме со микробуџет и крајно влошена ситуација поради Ковид-19, а згора на тоа и со чудни и недоречени мерки од страна на Владата, така што остваривме околу една четвртина од планираната програма и најголем дел од странскиите гости во последен момент го откажаа своето физичко присуство, па ни се претставија со видеопроекции. Сепак, среќни сме што и покрај сите сопки и предизвици успеавме да му донесеме малку радост и ведрина на Скопје и добивме сила и поттик да продолжиме понатаму“, вели Јулијана Величковска, една од организаторките на фестивалот.

Во трите фестивалски дена можеа да се чујат повеќе поетски имиња – Марија Дејановиќ, Сергеј Тимофеев, Танос Гогос, Ким Симонсен, Вонбјошт Ванг, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Лира Бојку, Ива Дамјановски, Павлина Атанасова, Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.

Беше отворена и изложба на која македонски сликари и графички дизајнери креираа дела инспирирана од песна на авторите што настапуваат. Можеа да се видат дела од Зоран Кардула, Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Андреј Павлов, Воскресија Андреевска, Тони Попов, Марио Каев, Диме Данов, Александар Иванов, Наталија Лукомска, Ива Јованова, Владимир Лукаш, Емилија Мишева, Владимир Илиевски, Филип Мартиновски и Калин Маловски.

Публиката можеше да гледа и поетски филмови направени од Валентина Бактијаревиќ од Србија, а имаше и видеопроекции на шест куси поетски филма, презентирани во соработка со „Киноскоп“, фестивал на аналогни и експериментални филмови од Белград.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 4 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 8 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања