Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Зошто автомобилот одеднаш ви троши повеќе гориво? Проблемот можете да го решите за малку пари

Медиасет.мк
пред 1 година
media-librarygkqn877akssrfF3DxeF

Кога потрошувачката на гориво нагло ќе се зголеми, проблемот најчесто не е во бензинската пумпа, туку во самиот автомобил. Причините можат да бидат различни – од начин на возење до технички дефекти.

Најпрво проверете ги гумите: ако се премалку напумпани, автомобилот троши повеќе гориво. Потоа филтерот за воздух – кога е затнат, моторот не добива доволно воздух и согорува повеќе гориво. Исто така, проверете дали сопирачките „заглавуваат“, бидејќи тоа создава дополнителен отпор при возење.

Неправилно моторно масло и неисправен систем за ладење можат да ја зголемат потрошувачката и до 15%. Ламбда сондата, сензорот за проток на воздух или валканите инјектори често се причина за „невидливо“ зголемување на трошоците.

Не заборавајте ги и свеќичките – ако се истрошени или валкани, согорувањето е неефикасно и моторот троши повеќе. Слично важи и за EGR вентилот – ако е заглавен, смесата не е правилна и потрошувачката расте.

Најчести решенија: проверете ги гумите, сопирачките, филтерот за воздух, свеќичките и сензорите. Мала неисправност може да предизвика голем трошок ако се игнорира. Редовната контрола и навремен сервис се најдобра заштита – за мотор што работи ефикасно и троши онолку колку што треба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања