Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Зошто „piano black“ полека исчезнува од ентериерите на автомобилите

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-librarym0oj0kqq90jo48ymS1l

Сјајната црна пластика, позната како „piano black“, со години беше речиси неизоставен детал во ентериерите на модерните автомобили. Иако многу возачи не ја сакаат поради отпечатоците од прсти и гребаниците, производителите масовно ја прифатија од две главни причини – изгледа луксузно и релативно е евтина за производство.

„Piano black“ остава силен впечаток во салоните, бидејќи високиот сјај делува елегантно и лесно се вклопува со која било боја на ентериерот. Уште на почетокот на минатата деценија, дизајнерите ја сметаа за трендовско решение, а таа беше присутна речиси на сите автомобилски саеми.

Покрај естетиката, важна улога имаше и производствениот процес: во соработка со добавувачи како BASF, производителите успеаја да добијат висок сјај без класичниот процес на бојадисување и лакирање, што значително ги намали трошоците и ја забрза продукцијата, пишува Jalopnik.

Сепак, маните на ваквите површини брзо станаа очигледни. Високиот сјај функционира како огледало – ја истакнува прашината, отпечатоците од прсти и дури и најситните гребаници.

Парадоксално, секое бришење го зголемува ризикот од нови микрооштетувања, па сопствениците често влегуваат во маѓепсан круг на чистење.

Дополнителна причина за ширењето на трендот со „piano black“ беше експанзијата на големите екрани во кабините. Исклучените дисплеи изгледаат слично на сјајната црна пластика, па околната декорација се користеше за да се постигне визуелно уедначен и модерен изглед на контролната табла.

Сепак, се чини дека трендот полека се менува. Сè повеќе производители кај поновите модели се откажуваат од „piano black“ деталите, бидејќи сакаат потопол и попрактичен амбиент во кабината. Купувачите, едноставно, се уморни од постојаното полирање.

Негативниот став кон „piano black“ завршната обработка не произлегува од тоа што станува збор за лош материјал, туку од фактот што високиот сјај не е благодарен во простор кој постојано се допира. Убав е на прв поглед, но тој впечаток трае многу кратко.

Ако автомобилската индустрија навистина продолжи понатаму – малкумина ќе жалат по отпечатоците од прсти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 3 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 16 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 20 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања