Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Сцена

17 години од трагичната сообраќајка во која загина Тоше Проески

tose

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 17 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат маратонот во чест на Тоше.

Се очекува маратонците да пристигнат околу пладне во Крушево.

По повод 17-годишнината од смртта на Тоше, Скопскиот Брас Квинтет во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тоше објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

„Гугл“ ги запре градежните работи на голем центар за податоци во Белгија по судска одлука

пред 36 минути
media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU

Samsung подготвува нови функции за камерата на Galaxy S27 – Vision со Gemini и автоматски портрети

пред 37 минути
media-libraryogjn8mhlouuiavRgkSu

„Во недела навечер се гледаме на лајв, со сите докази, факти и аргументи. Па ќе видиме кој кого издал“: жестока порака од Боки 13 до Карлеуша

пред 2 часа
media-libraryvh7r1cjlvm8j5L0idjR

(Видео) „Слушам кај шумат шумите буките“ одекна на концертот на „Некст Тајм“

пред 5 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања