Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Гугл“ ги запре градежните работи на голем центар за податоци во Белгија по судска одлука

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C
Photo by İsmail Enes Ayhan on Unsplash

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ ги прекина градежните работи на голем центар за податоци во јужна Белгија, откако властите му наложиле да ја запре изградбата поради проблеми со дозволата.

Од компанијата соопштија дека постапуваат согласно со упатствата на локалните власти и дека ги очекуваат следните насоки. Проектот се реализира во деловна зона на територијата на три општини во регионот Шарлроа, на поранешна рударска локација со површина од 50 хектари.

Изградбата започнала врз основа на дозвола издадена во 2024 година, но проблемите настанале откако „Гугл“ побарал нејзина измена, проширување на градежната површина и одобрение за ладење на компјутерските постројки со вода од реката Самбра, наместо со воздух, како што било предвидено во првичниот проект.

По реакциите на граѓаните и предупредувањата од организацијата „Гринпис“, регионалниот министер за инфраструктура Франсоа Дескен одбил да ја одобри изменетата дозвола. „Гугл“ ја оспорил одлуката пред управниот суд, а рочиштето е закажано за почетокот на јануари.

Пречките за изградба на големи центри за податоци наменети за развој на вештачката интелигенција не се ограничени само на Белгија. Минатиот месец финската полиција отвори кривична истрага за можното влијание врз животната средина на подготвителните градежни работи за планираниот центар на „Гугл“ во Мухос, во северна Финска.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Технологија

Сите →
media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU

Samsung подготвува нови функции за камерата на Galaxy S27 – Vision со Gemini и автоматски портрети

пред 13 минути
104637042-GettyImages-513101776

Google ги запре работите на голем центар за податоци во Белгија поради проблеми со дозволата

пред 1 час
media-library7c1ot38qv5ca7VF1BR3

Купувате нов телефон, а можеби веќе е заразен – алармантен раст на малициозниот софтвер кај Андроид уредите

пред 4 часа
media-library2cjkt6o6sn7r54KUbdC

Нова функција на X ќе го реши еден од најголемите проблеми при користење на мрежата

пред 6 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања