Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Додека беше жив, го плукавте, а денес сите го нарекувате ‘наш’“ – порака за лицемерието кон Тоше, кое уште е пракса кај нас

Медиасет.мк
пред 2 седмици
toshe-proeski

„Додека беше жив, го потценуваа и исмеваа, а денес сите го нарекуваат наш“ – Далибор Шуки Димитриевски со емотивна објава потсетува на односот кон Тоше Проески и на неправдата што, според него, му била нанесена додека ја градеше својата кариера.

Во објавата, Димитриевски пишува за навредите и приказните што кружеле за пејачот во времето кога станувал сè попопуларен. Според него, дел од луѓето го потценувале неговиот талент, ги омаловажувале неговите концерти и го исмевале, додека зад таквиот однос се криеле завист и лични комплекси.

Тој посочува дека критиките продолжиле и кога Тоше почнал да постигнува успеси надвор од Македонија. Наместо да се почитуваат неговите достигнувања, секогаш се наоѓала нова причина за потценување.

„Тоше имаше нешто што не се купува, не се глуми и не се учи преку ноќ – чиста душа“, наведува Димитриевски, истакнувајќи ја човечноста на пејачот и љубовта што ја споделувал со луѓето.

Во емотивната порака се потсетува и на зборовите „Сите ве сакам“, со кои Тоше испраќаше порака за љубов, почит и човечност. Според Димитриевски, вистинската почит треба да се покажува додека луѓето се меѓу нас, а не откако ќе ги загубиме.

„Тоше ни остави песни, љубов и пример како треба да се биде човек. Ние нему му оставивме незаслужена неправда“, порачува тој.

На крајот од објавата, Димитриевски му посакува на Тоше да патува со ангелите, додавајќи дека луѓето и денес не ја разбираат целосно пораката што пејачот им ја остави: „Сите ве сакам“.

media-librarynrleqvrspoa663DmGKq

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytn30ojuqvt0q4oZRPu3

Богдан Богдановиќ гради хотел во Црна Гора

Сцена | пред 1 ден

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 2 дена

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 4 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања