Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) „Пробав да сум најбоље верзија од себе, за да бидам најбоље верзија за тебе“: Љубовта, разочарувањето и копнежот се преточени во новата песна на Слаткар и Владо Јаневски

media-library5sf93ta00gi61v1T17l

На роденденот на Владо Јаневски, македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика ја објави нивната заедничка песна „Само да те имам“, во која се спојуваат два препознатливи музички изрази од различни генерации.

Песната ја раскажува приказната за љубовта, разочарувањето и обидите да се зачува една врска, дури и кога компромисите почнуваат да го менуваат човекот и да го оддалечуваат од самиот себе.

„Пробав да сум најбоље верзија од себе, за да бидам најбоље верзија за тебе“, пее Слаткар, опишувајќи ја желбата да се биде она што другиот го очекува, но и незадоволството што може да произлезе од тоа.

Низ стиховите се отвораат прашања за границите на љубовта, жртвите во една врска и моментот кога треба да се стави крај на односот што носи болка. „И најумната глава кога е вљубена е наивна“, е една од пораките во песната, во која рап-изразот на Слаткар се надополнува со препознатливиот вокал на Јаневски.

По повод роденденот на Јаневски, Слаткар му посвети и емотивна порака на социјалните мрежи.

„Некои гласови не умираат, а некои луѓе остануваат засекогаш присутни преку она што го оставиле зад себе“, напиша раперот, додавајќи дека помладите генерации ќе продолжат да ги пренесуваат песните на Јаневски и да го доближуваат неговото творештво до новата публика.

Објавувањето на „Само да те имам“ токму на роденденот на Владо Јаневски ѝ дава посебна симболика на соработката, која ги поврзува различните генерации на македонската музичка сцена.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryogjn8mhlouuiavRgkSu

„Во недела навечер се гледаме на лајв, со сите докази, факти и аргументи. Па ќе видиме кој кого издал“: жестока порака од Боки 13 до Карлеуша

пред 1 час
media-libraryvh7r1cjlvm8j5L0idjR

(Видео) „Слушам кај шумат шумите буките“ одекна на концертот на „Некст Тајм“

пред 5 часа
media-libraryv1t2kelr9aei2yPWqSS ВИДЕО

(Видео) „Нема друга Македонија“ пееше хорот на „Златно славејче“ на концертот на „Некст тајм“

пред 7 часа
media-library5sf93ta00gi61v1T17l

(Видео) „Само да те имам“ – Слаткар ја објави песната со Владо Јаневски на неговиот роденден

пред 22 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања