Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Ен Хатавеј јавно се извини поради контроверзната улога во „Вештерки“

Медиасет.мк
пред 3 месеци
en-hatavej-620x350-1

Ен Хатавеј откри дека една од улогите во нејзината кариера предизвикала каење и јавно извинување, откако филмот се најде на удар на критики поради начинот на кој беше прикажан лик со телесна разлика.

Актерката, која се прослави со „Дневниците на принцезата“, а во 2012 година доби Оскар за улогата во мјузиклот „Клетници“, призна дека најголемата контроверзија во нејзината кариера е поврзана со филмот „Вештерки“ од 2020 година.

Во римејкот на класичното дело на Роалд Дал, Хатавеј ја толкуваше улогата на Главната вештерка, чиј изглед вклучуваше деформација на дланките што потсетува на ектродактилија – вродена состојба што влијае врз развојот на прстите. По премиерата, организации и активисти за правата на лицата со попреченост предупредија дека поврзувањето на вакви физички карактеристики со негативен лик може да ги зацврсти штетните стереотипи.

По бурните реакции, Хатавеј јавно се извини преку социјалните мрежи.

„Дознавав дека многу луѓе со разлики на екстремитетите, особено деца, се почувствувале повредени од прикажувањето на Главната вештерка. Секогаш се трудам да бидам чувствителна кон чувствата и искуствата на другите. Не затоа што се плашам од политичка коректност, туку затоа што ненанесувањето болка на другите е основно прашање на човечка пристојност“, напиша актерката.

Таа додаде дека не ја поврзала визуелната концепција на ликот со лицата кои живеат со ваква состојба и истакна дека, доколку била свесна за тоа, никогаш не би се согласила на таков приказ.

Контроверзијата околу филмот отвори поширока дебата за начинот на кој холивудските продукции ги прикажуваат лицата со попреченост и влијанието што ваквите претставувања можат да го имаат врз јавноста, особено врз децата.

„Вештерки“ не ги исполни ниту комерцијалните очекувања, заработувајќи околу 27 милиони долари на светскиот бокс-офис. На резултатите влијаеја пандемијата на коронавирусот, но и негативниот публицитет што го следеше филмот по неговото прикажување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

8079309

Последната желба на Мишо Ковач ќе му биде исполнета: Ќе биде погребан покрај синот Еди

Сцена | пред 6 часа

media-libraryti06s6thfv381mtY0Ow

(Видео) Слаткар со моќна порака од сцената на Макфест: „Ако сретнете човек што пелтечи, сослушајте го, не го прекинувајте“

Сцена | пред 6 часа

media-libraryoj3oou49976t7rniGEq

Електричните автомобили освојуваат нови пазари: Продажбата во Европа пораснала за 42 отсто

Вирално | пред 8 часа

media-libraryuhgkd38g153q4qSUozP

Од тајна љубов до брак со 32 години помлада: Жените што го одбележаа животот на Мишо Ковач

Сцена | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања