Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Германска анализа: Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен

Медиасет.мк
пред 10 месеци
IMG_4160

Доколку развиете кашлица што ве мачи или ве држи будни преку ноќ, не мора веднаш да посегнувате по специјални сирупи или таблети е заклучокот на германска анализа. Германската организација за заштита на потрошувачите „Стифтунг Варентест“ предупредува дека поголемиот дел од лековите за кашлица немаат доволно докажана ефикасност.

Во аптеките најчесто се нудат два вида препарати: едните ја разредуваат слузта за полесно искашлување, додека другите го намалуваат надразнувањето кај сувата кашлица. Но, според анализата на германските експерти, ниту природните, ниту синтетичките лекови за потиснување на кашлицата не го поминале тестирањето.

„Купувачите можат да заштедат пари на лекови за кашлица“, стои во извештајот. Тие укажуваат дека ефикасноста на овие препарати не е научно потврдена, а дел од активните состојки носат и ризици. Како пример се наведува декстрометорфанот, супстанца што во ретки случаи може да предизвика зависност или халуцинации.

Поуспешно поминале лековите за искашлување, кои генерално се оценети како „прикладни, но со претпазливост“. Иако нивниот ефект е утврден, тој е оценет како умерен.

Стручњаците додаваат дека не е неопходно веднаш да се купуваат препарати – медот може да помогне исто толку. Чист мед или додаден во топол чај може да го смири надразнувањето. Иако научните резултати не се конечни, ефектот е споредлив со оној на испитаните лекови, чие дејство е ограничено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 8 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 3 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања