GTA 6 ги подели гејмерите: Купувањето цвеќе и домашните обврски станаа причина за незадоволство
Новите детали за GTA 6 предизвикаа поделени реакции меѓу гејмерите, но овојпат причината не се насилството и криминалот, туку секојдневните активности на главните ликови.
Во новата игра на „Rockstar Games“, играчите ќе можат да ја развиваат врската меѓу Џејсон и Лусија преку мали гестови на внимание, како купување цвеќе, накит и намирници, но и помагање во домашните обврски.
Токму овие можности наидоа на критики кај дел од машките гејмери, кои го нарекуваат Џејсон „simp“ и сметаат дека ваквите активности не одговараат на франшиза позната по криминалот, акцијата и хаосот.
Од друга страна, ваквиот пристап овозможува поблиско поврзување со ликовите и е дел од пошироката приказна, додека играта и натаму го задржува својот препознатлив криминален амбиент.
Поголемата улога на Лусија отвора и прашања за начинот на кој во новото продолжение се прикажани женските ликови и дали тоа претставува промена во однос на претходните игри.