Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

GTA 6 собори рекорди: заработи 2,36 милијарди долари за помалку од 24 часа

media-library90m3qpbckquo5GJHWiX

Новата видеоигра „Grand Theft Auto 6“ постигна историски успех, остварувајќи приход од повеќе од 2,36 милијарди долари за помалку од 24 часа по објавувањето. Во тој период биле продадени 24,59 милиони дигитални примероци, со што играта поставила рекорд во забавната индустрија.

Потпретседателот за аналитика на видеоигри во компанијата „Sensor Tower“, Карл Контус, изјави дека GTA 6 била најпродаваната игра во 2026 година уште во периодот на претнарачки, кога приходите надминале две милијарди долари, пред официјалното објавување.

По почетокот на продажбата, приходот се зголемил за дополнителни 710 милиони долари. Од вкупно продадените дигитални примероци, околу 75 проценти биле наменети за конзолите „PlayStation“, додека останатите биле продадени за „Xbox“.

За споредба, претходното продолжение на серијалот во 2013 година заработи 800 милиони долари во првиот ден од објавувањето. Според досегашното темпо на продажба, GTA 6 би можела да достигне приход од три милијарди долари во рок од неколку недели.

Објавувањето на играта беше проследено со голема маркетиншка кампања, а по нејзиното излегување милиони корисници почнаа да следат преноси во живо од играњето на платформите „Јутјуб“ и „Твич“.

GTA 6 е првата нова главна игра од овој серијал по пауза од 13 години.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Технологија

Сите →
media-librarymbtujn9lqll3dXg5SRo

Од слушалки до контролер: три надградби за поудобно играње на GTA 6

пред 3 часа
media-library9j5o9s1br6ik3AzGbjp

Јапонците направија телефон за оние што сакаат да се одморат од интернетот

пред 9 часа
Apple-logo

Apple подготвува вештачка интелигенција што ќе управува со компјутерот како човек

пред 1 ден
media-libraryg2iq28divvss29pYbQY

Акциите на „Антропик“ скокнаа, илјадници вработени стекнаа милионско богатство на хартија

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања