Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Јапонците направија телефон за оние што сакаат да се одморат од интернетот

Медиасет.мк
пред 1 час
media-library9j5o9s1br6ik3AzGbjp

Јапонската корпорација KDDI претстави мобилен телефон со основни функции, наменет за луѓето кои сакаат привремено да се оддалечат од интернетот и прекумерното користење паметни телефони.

Од компанијата соопштија дека новиот телефон ќе започне да се продава следниот месец, пренесува порталот „NHK World“.

Новиот модел е дизајниран според изгледот на мобилните телефони кои беа популарни на почетокот на 21 век. Корисниците нема да можат да преземаат апликации ниту да пристапуваат на интернет.

„Компанијата се насочува кон луѓето кои сакаат привремено да бидат офлајн, бидејќи во денешното информатичко општество сè повеќе време поминуваат користејќи паметни телефони“, соопшти KDDI.

Се очекува новиот модел да привлече љубители на ретро-уредите и аналогната култура.

Сунахара Сатоши, менаџер во компанијата KDDI, изјави дека се надеваат оти новиот телефон ќе им помогне на луѓето кои вообичаено поминуваат премногу време гледајќи во екраните.

Слични мобилни телефони со минимални функции претходно претставија и производители од САД и Швајцарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Сцена | пред 34 минути

media-library6bi78q0aubkq7tEgLsh

Топла вода, снег и неверојатни пејзажи: Ова се најубавите зимски бањи во Европа

Патувања | пред 1 час

media-libraryofdaqq0voeq5dAlDRRC

(Видео) Посебна божиќна магија во Италија: Деца болни од рак ќе ги запалат светилките на елката во Ватикан

Патувања | пред 16 часа

Apple-logo

Apple подготвува вештачка интелигенција што ќе управува со компјутерот како човек

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања