Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Јутјуб и Мета пред историски тужби: обвинувања за штета врз деца

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryrk90pro4inmj9Qc4z1L
unsplash

Јутјуб и компанијата Мета се соочуваат со серија тужби и можни историски казни по обвинувања дека нивните платформи предизвикуваат штета кај деца и млади корисници, пренесуваат странски медиуми.

Според информации од агенцијата Ројтерс, Гугл неодамна постигнал спогодба со малолетен тужител познат по иницијалите „Р.К.Ц.“, кој тврдел дека социјалните мрежи му нанеле штета. Деталите од спогодбата не се објавени, а од компанијата посочиле дека случајот е решен со договор.

Истиот тужител има поднесено тужби и против Мета, Снап и ТикТок, а судските процеси за тие случаи се очекува да започнат следниот месец.

Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, се соочува со илјадници слични нерешени тужби, што овој случај го прави клучен тест за идните судски постапки.

Според податоците, само во Калифорнија има над 3.300 тужби поврзани со зависност од социјалните мрежи, додека уште околу 2.600 случаи се водат пред федерални судови, поднесени од поединци, институции и државни органи.

Во првиот случај што стигна до порота, на тужителка ѝ била доделена отштета од шест милиони долари, при што Мета и Јутјуб биле задолжени да исплатат по три милиони долари. Јутјуб најави жалба, тврдејќи дека платформата е изградена како сервис за стриминг, а не како класична социјална мрежа.

Компаниите ги отфрлаат обвинувањата дека нивните платформи намерно предизвикуваат зависност, но адвокатите на тужителите тврдат дека интерните документи покажуваат дека профитот бил ставен пред заштитата на корисниците, особено децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc0ala5nivlsj4ibdTZd

Што е 5G мрежа и дали навистина вреди да ја вклучите на телефонот?

Технологија | пред 9 часа

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 12 часа

media-libraryqeln9amg07f60YnuQQB

Без најава нема пристап: Reddit воведува голема промена за корисниците

Технологија | пред 12 часа

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања