Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

(Видео) Посебна божиќна магија во Италија: Деца болни од рак ќе ги запалат светилките на елката во Ватикан

Медиасет.мк
пред 23 минути
media-libraryofdaqq0voeq5dAlDRRC

Осветлувањето на божиќната елка на плоштадот „Свети Петар“ во Рим оваа година за првпат ќе се одржи истовремено со осветлувањето на најголемата божиќна елка во светот, која се наоѓа во градот Губио, во централна Италија.

Елката што ќе го краси плоштадот „Свети Петар“ е величествена сребрена ела, висока 24 метри и тешка 7.500 килограми. Таа е донесена од шумата Куњо дел Ачерo, која се наоѓа во рамките на Националниот парк Полино, во јужна Италија, пренесува агенцијата АНСА.

Елката пристигнала во Ватикан утрото на 19 ноември, по што веднаш била поставена. Таа е подарок од општината Теранова ди Полино, во провинцијата Потенца.

Посебен момент ќе биде самото осветлување на елката, закажано за 7 декември во 17:30 часот. Копчето со кое ќе бидат вклучени светилките ќе го притиснат деца кои се лекуваат на онколошките одделенија во италијанските болници.

Настанот ќе се пренесува во живо преку директна врска со градот Губио, каде што на падините на планината Инџино се наоѓа најголемата божиќна елка во светот.

Нејзиното осветлување го создаваат повеќе од 50.000 паметни ЛЕД-светилки, способни да произведуваат впечатливи и динамични светлосни ефекти.

Покрај елката на плоштадот „Свети Петар“, во Ватикан ќе бидат донесени и неколку помали елки, кои ќе бидат поставени во канцелариите и зградите на Светата столица, како и во Апостолската палата во Кастел Гандолфо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydfutb2s4aeggcvd2wPY

Ниту една европска авиокомпанија меѓу десетте најдобри во светот: „Емирати“ на врвот

Патувања | пред 22 часа

media-library1fknttti348h55GAXMJ

Германија ги откажува божиќните пазари: Финансиски проблеми и високи трошоци ги прекинаа традиционалните манифестации

Патувања | пред 1 ден

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 4 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања