Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Леброн уште не заиграл, а веќе направи вистинска лудница во Филаделфија

media-libraryi7o6u6krmpj7dsIQpSC

Доаѓањето на Леброн Џејмс во Филаделфија предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, а неговиот потпис веќе има силно влијание – цените на билетите за натпреварите на Сиксерс нагло се зголемија.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, по неколкунеделни шпекулации, одлучи кариерата да ја продолжи во Филаделфија, потпишувајќи двегодишен договор вреден осум милиони долари.

При потпишувањето, Џејмс изјави дека ова е неговата „последна голема одлука во кариерата“, додавајќи дека сака уште еднаш да се бори за шампионскиот прстен.

Интересот кај навивачите експлодирал веднаш по објавувањето на трансферот.

Според платформата „TickPick“, просечната цена на билетите за натпреварите на Филаделфија минатата сезона изнесувала околу 68 долари. Сега, најевтиниот билет за првиот подготвителен натпревар на домашен терен достигнал цена од 283 долари, што е повеќе од четирикратно зголемување.

Сличен тренд е забележан и на платформата „SeatGeek“. Најевтиниот билет за подготвителниот натпревар против Бостон, закажан за 16 октомври, за помалку од еден час по објавувањето на потписот на Леброн, поскапел од 107 на дури 540 долари.

Иако сè уште нема одиграно ниту една минута во дресот на Филаделфија, Леброн Џејмс веќе предизвика вистинска кошаркарска еуфорија, а интересот за натпреварите на Сиксерс достигна ниво какво клубот одамна не памети.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Вирално

Сите →
media-library1hg9v5p9965b98eHSxp ВИДЕО

(Видео) НАСА намерно удри во астероид, кратерот е колку стадион

пред 1 час
media-library8vfdha0g50a7eWboWdU

Ферхунде од турската серија „Кога лисјата паѓаат“ приведена во Истанбул во истрага за наркотици и проституција

пред 21 час
media-librarytmk4bfffkbljcvrJMPh

(Видео) Нема повеќе диета за леопардот Пан Баобао: на 19 години му дозволуваат да ужива во староста

пред 22 часа
media-library004ukt5faru44X03CHU

Запишете го датумот! Секој хороскопски знак има еден особено среќен ден во декември

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања