Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Мета влегува во нова фаза на АИ трката: Претставен паметен деловен агент

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarynimh72hl20rubGxlu9O
фото: unsplash

Американската технолошка компанија Meta претстави нов систем на вештачка интелигенција наменет за деловни корисници, со кој компаниите ќе можат да автоматизираат голем дел од секојдневните активности.

Новиот „деловен агент“, претставен на конференцијата во Лондон, им овозможува на фирмите автоматизирано да комуницираат со клиентите, да закажуваат состаноци, да обработуваат нарачки и да реализираат продажба преку платформите WhatsApp, Messenger и Instagram.

Од компанијата соопштија дека повеќе од еден милион бизниси веќе користат претходни верзии на нивните деловни чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, додека новата генерација алатки ќе биде достапна за претпријатија од сите големини ширум светот.

Според информациите на Мета, деловниот агент може да одговара на прашања од корисници, да обезбедува информации за производи и услуги, да препознава потенцијални купувачи и посложените барања да ги препраќа до вработените.

Истовремено е претставена и нова платформа што ќе им овозможи на компаниите да развиваат сопствени агенти со вештачка интелигенција и да ги поврзуваат со други деловни системи, вклучувајќи платформи за електронска трговија и корисничка поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc0ala5nivlsj4ibdTZd

Што е 5G мрежа и дали навистина вреди да ја вклучите на телефонот?

Технологија | пред 9 часа

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 12 часа

media-libraryqeln9amg07f60YnuQQB

Без најава нема пристап: Reddit воведува голема промена за корисниците

Технологија | пред 12 часа

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања